Патиштата проодни, на одделни повисоки места со кашест снег на коловозот

December 23, 2024
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, инфомираат од ЈП Македонија пат.

Оттаму додаваат дека сите патни правци во државата се проодни, како и дека ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

-Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, се вели во соопштението од јавното претспријатие.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко и исплата за градинарско производство 

Следно

Перински во промоција на Закон за локална самоуправа со која се сака отповик на градоначалник

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop