Парламентот на ЕУ усвои Резолуција со која се покажува силна поддршка за Украина

July 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во екот на војната меѓу Русија и Украина, Европскиот парламент денес ја потврди својата посветеност, нагласувајќи ја непоколебливата поддршка за Киев додека не се постигне одлучувачка победа, јавува Анадолу.

Во Резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентот со 495 гласа за, 137 против и 47 воздржани, новоизбраните европратеници го истакнаа својот прв официјален став за конфликтот, нагласувајќи ги важноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници.

Со Резолуцијата се повикува ЕУ да ги применува и да ги прошири санкциите против Русија и Белорусија, обезбедувајќи тие ефективно да се спроведуваат и да се спречи нивно избегнување од компании со седиште во ЕУ, трети страни или други земји.

Европратениците изразија силно уверување дека Русија треба финансиски да ја надомести штетата што ѝ е нанесена на Украина. Тие ги поздравија иницијативите на блокот за користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка на воените напори на Украина, и се заложија за цврста правна рамка за нивна конфискација.

Европскиот парламент, исто така, ги пофали исходите од неодамнешниот самит на НАТО, потврдувајќи го патот на Украина кон членство во НАТО како незапирлив. Европратениците ги повикаа земјите членки на ЕУ да ја зголемат воената поддршка за Украина, како и Европската комисија да предложи долгорочна финансиска помош за обнова на Украина, користејќи го новоформираниот инструмент „Ukraine Facility“.

Парламентот категорично го осуди рускиот ракетен напад врз детската болница „Охматдит“ во главниот град на Украина и ја критикуваше неодамнешната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија. Во резолуцијата неговите постапки се претставени како „еклатантно кршење на договорите на ЕУ и заедничката надворешна политика“, сугерирајќи дека Унгарија треба да се соочи со реперкусии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАЈДОБРИ ХОРОСКОПСКИ ПАРОВИ: Рибите и Ракот се идеален пар, врските на овие два знаци се најдолготрајни

Следно

Бајден остро го нападна Трамп за прв пат по атентатот: „Лаже како ѓавол“

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на
Go toTop