Парите од унгарскиот кредит кај компаниите требаше да стигнат во ноември, Мицкоски сега вели на почеток на јануари

December 22, 2024
1 min read

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат.

Мицкоски нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите кои што ќе ги користат.

–        Што се однесува до капацитетот дали ќе се исцрпат, не знам. Јас сакам да има многу бизнис идеи, но тоа зависи од претприемачите, од економијата и не зависи од Владата. Ние сме тука да го помагаме и да бидеме нивен партнер и да го поддржуваме работењето, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по ставање камен темелник за изградба на трговски центар во општина Гевгелија, Мицкоски рече дека средствата од Унгарскиот креди ќе може да се користат и за ваков тип на инвестиции, но до границата од 10 милиони евра.

За тоа дали е можно ако остане дел од средствата од овој кредит да бидат наменети за АД ЕСМ, со оглед дека земаат кредити со повиоски камати, Мицкоски рече дека „начинот и земањето на кредитите имаат друга цел и намена“.

-Како Влада, наша цел е сето тоа да се консолидира и предвреме да биде отплатено, така што да немаме големи трансфери на средства за повисоки камати. Мислам дека веќе во 2026 година, според планот, кој што го разработивме со раководството на АД ЕСМ, веќе ќе можеме да зборуваме за компанија која што од 200 милиони евра во минус, ќе дојде на позитивна нула, изјави Мицкоски.

Мицкоски, уште еднаш посочи, дека целта е годинава да биде забележана бројка на инвестиции од една милијарда евра, со што, како што нагласи, ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции. 

Претходно, на почетокот на ноември, Владата најави дека најголем дел од банките застанале зад проектот. „Конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем до крајот на оваа недела, по финализирање на постапката, ќе бидат достапни на стопанството“, изјавија тогаш за Радио Слободна Европа од Владата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Успешна посета на Вашингтон, унапредување на македонско-американските односи

Следно

„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop