Папата Лео XIV: „Длабоко сум трогнат од настаните во Појасот Газа“

May 11, 2025
1 min read

ВАТИКАН (АА) – Духовниот водач на католиците и претседател на Ватикан, папата Лео XIV, изјави дека е длабоко трогнат од настаните во Појасот Газа и дека сака итен прекин на огнот, известува Анадолу.

Новиот папа Лео XIV избран во Ватикан на 8 мај, ја одржа својата прва неделна миса од големата ложа на базиликата „Свети Петар“.

Во својот говор по мисата, Папата упати пораки во врска со меѓународните случувања.

Потсетувајќи дека Втората светска војна завршила пред 80 години во ова време, папата Лео XIV истакна:

„Оваа војна одзеде 60 милиони животи. Како што папата Франциск постојано наведуваше, денес се соочуваме со драматичниот спектакл на Трета светска војна што се води во фрагменти.“

Обраќајќи им се на светските лидери, папата Лео XIV рече:

„Се обраќам до старешините на Земјата. Го повторувам повикот што сè уште е валиден: Никогаш повеќе да нема војна.“

„Во срцето ја носам болката на украинскиот народ. Нека се направи сè што е потребно за што поскоро да се постигне реален, праведен и траен мир. Нека сите заробеници бидат ослободени и децата да можат да се вратат кај своите семејства“, рече Папата.

Папата Лео XIV се осврна и на Газа, која е под израелски напади, со зборовите:

„Длабоко жалам за она што се случува во Појасот Газа. Веднаш да биде прогласен прекин на огнот, да се обезбеди хуманитарна помош за исцрпеното цивилно население и сите заложници да бидат ослободени“.

Осврнувајќи се на прекинот на огнот меѓу Пакистан и Индија, Папата се рече:

„Ја поздравив веста за прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан. Се надевам дека преку претстојните преговори ќе се постигне траен договор што е можно поскоро.“

Папата Лео XIV, чија прва неделна миса ја следеа голем број луѓе, на сите мајки им го честиташе Денот на мајките.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

Следно

Бујар Османи: Се чепне ли јазикот, нема веќе Рамковен договор

Latest from Blog

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.
Go toTop