Папата Лав XIV: „Децата, цели семејства, старите лица во Газа се донесени до состојба на гладување“

May 18, 2025
1 min read

АТИНА (АА) — „Децата, семејствата и старите лица во Газа се доведени до состојба на гладување“, истакна денес папата Лав XIV на неговата инаугуративна миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, пренесува Анадолу.

Заблагодарувајќи им се на околу 200.000 присутни и бројни делегации што претставуваат држави, кралски семејства и други христијански цркви, папата додаде: „Во радоста на верата и заедништвото, не можеме да ги заборавиме нашите браќа и сестри кои страдаат поради војната“, објави Ватиканската новинска агенција.

Во врска со Украина, папата ја нагласи важноста на преговорите за воспоставување праведен и траен мир.

По мисата, папата се сретна приватно со украинскиот претседател Владимир Зеленски, според новинската агенција.

Израелската армија не сопира со својата брутална офанзива врз Појасот Газа која ја почна на 7 октомври 2023 година, во којашто се убиени над 53.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски најави големи промени во партијата и во Владата: Ќе се разрешуваат сите оние кои “ќе не посрамотат како структура и како луѓе“

Следно

Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop