Папата Лав го повтори својот повик за прекин на огнот во телефонски разговор со Нетанјаху

July 18, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Осудувајќи ја „драматичната хуманитарна ситуација во Газа“, папата Лав XIV денес разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот повик за итен прекин на огнот во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Во телефонски разговор, папата го повтори својот апел за оживување на преговорите и постигнување прекин на огнот и крај на војната“, се вели во соопштението на Канцеларијата за печат на Ватикан.

Во соопштението исто така се додава дека папата Лав XIV уште еднаш ја изразил својата загриженост за драматичната хуманитарна состојба на населението во Газа, чија срцепарателна судбина ја трпат особено децата, старите лица и болните.

Папата, исто така, ја повтори итноста од заштита на местата за богослужба.

Израелските сили вчера ја нападнаа црквата „Свето Семејство“ во Газа, единствената католичка црква во Газа, при што беа убиени три лица, а неколку други беа повредени.

Во текот на својата смртоносна офанзива врз Појасот Газа, израелската Армија бомбардираше неколку места за богослужба, вклучувајќи ја Баптистичката црква во Газа и грчката православна црква „Свети Порфириј“, најстарата во Појасот Газа и трета најстара во светот.

Црквата „Свето Семејство“ е единствената католичка црква во Појасот Газа, која им дава засолниште на многу раселени христијански и муслимански Палестинци од октомври 2023 година.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија уби повеќе од 59.000 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Печатените учебници се старо школо“ – Вештачка интелегенција во средните училишта!

Следно

Одбојкарката Поповска и кајакарот Смилев ќе го носат македонското знаме на ЕМОФ Скопје 2025

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop