Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

September 14, 2025
1 min read

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан.

Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои се молат за него.

На плоштадот верниците носеа плакати и балони на кои пишуваше „Среќен роденден“ и го поздравија со песна за неговиот јубилеј.

Мои сакани, како што изгледа знаете, денеска наполнив 70 години, изјави папата. „Му благодарам на Бог, на моите роднини и на сите кои ме спомнуваат во своите молитви“, додаде тој.

Кога беше избран за папа, Лав Четиринаесетти со своите 69 години стана најмладиот кардинал избран за поглавар на Римокатоличката црква од 1978 година, кога Полјакот Карол Војтила беше избран за папа Јован Павле Втори на 58-годишна возраст.

За својот роденден папата Лав доби многу цртежи од деца, испратени по пошта до Ватикан. Вчера тој доби и чоколадна торта од новиот амбасадор на САД во Ватикан.

Подоцна денеска папата ќе биде на црковен настан во базиликата „Сан Паоло фуори ле мура“.

Неговите роднини во САД и неговото августинско семејство, од кое потекнува Лав Четиринаесетти, исто така планираат да го одбележат јубилејот.

Лав Четиринаесетти доби и честитки од разни лидери по повод неговиот јубилеј.

„На денот на Вашиот 70-ти роденден, ве молам да ги прифатите најсрдечните честитки, кои со задоволство ви ги упатувам во име на италијанскиот народ, заедно со моите искрени желби за духовна и лична благосостојба“, се вели во честитката на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

„Сакам да ве уверам, Свети Отче, дека за време на Вашата највисока апостолска мисија секогаш ќе можете да сметате на соработката на Италијанската република, која во Вашата порака за почитување на централната улога на човекот, служењето и единството гледа одраз на вредностите на сопствениот устав. Со надеж дека наскоро ќе ве пречекаме во палатата „Квиринале“ (италијанското претседателство), ве молам во среќниот ден на Вашиот роденден да го прифатите изразот на срдечната блискост на сите Италијанци и на моето најдлабоко почитување“, стои во пораката на Матарела.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на на својот профил на Фејсбук упати лични желби и во името целата италијанска влада по повод 70-от роденден на папата Лав Четиринаесетти.

„Неговите зборови и учења се извор на инспирација и претставуваат сигурен и цврст ориентир во исклучително сложени времиња, кога сигурноста изгледа нестабилна, а промените се толку ненадејни колку што се и длабоки. Нека неговиот пат продолжи да биде осветлен од вера, храброст и надеж. Сигурна сум дека италијанскиот народ никогаш нема да му ја одбие својата љубов и посветеност“, додаде Мелони.

Претседателите на Сенатот и на Долниот дом на италијанскиот парламент исто така упатија свои честитки до папата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Следно

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop