Панова: ДУИ денес со гласот против „Безбеден град“ покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

January 23, 2026
1 min read

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да обезбеди двотретинско мнозинство со СДС или без СДС, со ДУИ или без ДУИ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги имплементира сите оние проекти ветени пред граѓаните и проекти кои евидентно даваат резултати.

„Најпрвин морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика во своето владеење од владеењето на власта на СДС и ДУИ претходно. Ние подадовме рака и направивме еден простор за да се оствари еден консензус за прашања вакви како безбеден град особено кога знаеме дека истите даваат резултати и граѓаните генерално го поддржуваат ваквиот проект. Меѓутоа еве денес уште еднаш ние се уверивме во тоа дека таа подадена рака не секогаш значи добра намера и од другата страна. Тезите коишто излегоа денес на говорница апсолутно не држат никаков простор за коментар, заради тоа што генерално на истите веќе ние дадовме и одговори“, рече Панова.

Пратеничката Панова резимираше дека со имплементацијата на ваквиот проект се зголемува безбедноста на граѓаните, а со самото тоа се намалува и бројот на човечки жртви од сообраќајни несреќи, истовремено потенцирајќи дека доколку се спаси барем еден човечки живот сите треба да бидеме горди.

Воедно, Панова додаде дека резултатите од тест периодот од еден месец со имплементација на овој проект впрочем зборуваат дека се бележи тренд во намалувањето на изгубени човечки животи, сообраќајни незгоди како и повреди коишто се резултат на сообраќајни незгоди во градот Скопје, Тетово и Куманово.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ештон Качер открива кој според него наметнува нереални стандарди за убавина

Следно

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија излегува од затвор – судот му одреди кауција од 200.000 франци!

Latest from Blog

Средба Омерагиќ – Исаку за време на подготовките на Струга ТЛ

Во рамките на својата работна посета во Анталија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, вечерва го посети и ФК Струга ТЛ. Омерагиќ денеска имаше целодневна активност со македонските клубови кои се подготвуваат

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија излегува од затвор – судот му одреди кауција од 200.000 франци!

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и мерка секојдневно јавување во полициска станица за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по

Ештон Качер открива кој според него наметнува нереални стандарди за убавина

47-годишникот моментално глуми во научно-фантастичната серија „The Beauty“, во која се прикажува дрога што може да ја претвори личноста во најатрактивната, идеализирана верзија од себе, пишува Би-Би-Си. „Индустријата е одраз на општеството“

Зимска грижа за здрави растенија

Зимата значи дека собните растенија се наоѓаат во променети услови за раст. За време на студените месеци нивниот метаболизам се забавува, растенијата преминуваат во состојба на мирување, а растот е значително побавен
Go toTop