Паника во израелска болница неколку моменти по иранските ракетни напади

June 19, 2025
1 min read

БЕРШИБА (АА) – Луѓе трчаа во паника во израелскиот Медицински центар „Сорока“ во јужен Израел неколку моменти по ракетниот напад на Иран, јавува Анадолу.

Најмалку 84 лица се повредени во најновите ирански ракетни напади утрово, соопштија локалните медиуми, од кои неколку лица се во тешка состојба.

Според израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, околу 20-30 ирански ракети биле насочени кон централните градови на Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Рамат Ган и Холон, како и болницата „Сорока“ во јужниот град Бершеба.

Иранската државна новинска агенција ИРНА тврди дека ракетите биле насочени кон седиштето на израелската армија и разузнавачката служба во близина на болницата и дека неколку лица биле повредени.

„Ќе продолжиме да ги напаѓаме сите цели што ѝ припаѓаат на агресивната ционистичка власт и не гледаме никакви ограничувања пред нас“, изјави началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Абдолрахим Мусави, во изјавата за полудржавната иранска новинска агенција Тесним.

Израелската армија, пак, соопшти дека ги погодила нуклеарниот реактор во Арак, југозападно од Техеран, и објектот за развој на нуклеарно оружје во Натанс, југоисточно од главниот град.

Тензиите ескалираа во петокот кога Израел изврши воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучително воени и нуклеарни објекти, по што Техеран започна со одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека оттогаш се загинати најмалку 24 лица, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.

Во Иран се загинати 639 лица, а повеќе од 1.329 се ранети во израелските напади, според извештаите на иранските медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојбата на повредените од „Пулс“ непроменета – една пациентка во тешка состојба

Следно

Новата сезона во ПМФЛ почнува на 8 август

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop