Пандов: Пробацијата ќе помогне за пренатрупаноста во затворите, а повеќе затворски полицајци за безбедноста

November 29, 2024
2 mins read

Пренатрупаноста и безбедноста се главните проблеми во 12-те македонски затвори. За пренатрупаноста многу може да помогне пробацијата, а за безбедноста – зголемениот број затворски полицајци, рече директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов кој учествуваше во работилницата во Прилеп за важноста на пробацијата или изрекувањето условни казни со заштитен надзор.

На дебатата што се одржа во Прилеп судии, претставници од пробациски канцеларии, невладини организации од Здружението на млади правници на Македонија дебатираа на темата „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“.

Пандов смета дека за пренатрупаноста во затворите многу ќе помогне пробацијата и го најави воведувањето на алките во почетокот на наредната година.

-Распишан е и во тек е тендерот за алките и, конечно, јас дефинитивно сум оптимист дека во почетокот на наредната година, јануари, или евентуално февруари, ние дефинитивно алките ќе ги имаме како дополнителен инструмент со кој, и со пробацијата и заштитниот домашен затвор, огромен број осуденици нема да бидат во затворите, изјави Пандов.

Пандов не е задоволен од безбедноста во затворите во кои во моментов се 2 170 осуденици, 220 се „во бегство“ и околу 350 се во притвор. Најави дека ќе се зголеми бројот на затворските полицајци.

-Иако има некои исчекори, јас не сум задоволен до крај до каде сме стигнати и тука има многу простор за подобрување. Но мора да посочам: ако европски стандард е да имаме два затвореника на еден затворски полицаец, кај нас соодносот е 4 спрема 1. Некаде и 6 спрема еден. В година ќе се зголеми бројот на затворските полицајци што ќе влијае на безбедноста, рече Пандов.

Речиси само скопските судови имаат искуство со изрекување условни казни што би ја унапредило пробацијата. Се бара тоа да го прават и колегите во другите судови во земјава.

-Апсолутно се согласувам дека еден од начините, можеби еден од главните начини за растоварување на затворите е носењето условни осуди со заштитен надзор, односно, условни отпусти со заштитен надзор. Условни осуди се изрекуваат, меѓутоа не ги даваат доволно очекувањата во насока на ресоцијализација на осудените лица намалување на рецидивизмот, а со тоа автоматски намалување на затворската популација и затворската пренатрупаност. Тоа е така зашто со обичната условна осуда немаат никакви обврски. За ефективноста на пробацијата е и овој караван со кој почнуваме од Прилеп, зашто, не само во Прилеп, туку и во другите градови, со 0,1 или 0,2 проценти годишно се изрекуваат условни казни со заштитен надзор, изјави Билјана Коцевска, судија во Основен кривичен суд во Скопје.

Од здружението на млади правници ја нагласуваат улогата на општините во ресоцијализацијата на осудениците.

– Општините се многу битни и само преку невладини организации, пробациски канцеларии и преку изрекувањето условни осуди со заштитен надзор нема да се случи тие да ги повторуваат дејствата, рече Ирена Здравкова од Македонското здружение на млади правници.

Прилепската невладина организација „Станица П:Е.Т.“ две години го спроведува проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици”, поддржан од Европска Унија. Веќе имаат резултати и интерес кај бизнис-секторот за нивни вработувања.

-Веќе триесет осудени лица беа обучени за меки вештини, беа склучени пет меморандуми за соработка со локални институции и два со бизнис-секторот. Ефектите се забележливи зашто поранешни осудени лица се вработени и успешно реинтегрирани во општеството, рече Христина Здравеска од невладината „Станица П.Е.Т.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајден починат маж во својот дом во Кисела Вода, телото предадено на обдукција

Следно

ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло
Go toTop