Пандев: Интер заслужи многу повеќе во мечот со Барселона

May 1, 2025
1 min read

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми ја пофали играта на Интер против Барселона и истакна дека е навистина штета што „нераѕурите“ не победија на гостувањето во Шпанија.

„Неверојатен меч, штета што не победивме. Интер одигра луд дуел, не секој може да се покаже така. Интер заслужи многу повеќе. Го држеа теренот доста добро, сите беа поставени според план, имаа и одлични контранапади. Покажаа и сила при еден на еден ситуациите. Барселона може да прими голови, но доста знае и да даде. Беше забавно“, изјави Пандев.

Интер и Барселона следниот меч го играат во Милано, а токму тој дуел ќе го даде патникот во финалето на Лигата на шампионите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комеморација во Париз за младиот човек кој повеќепати беше избоден до смрт додека се молел во џамија во Франција

Следно

Илјадници демонстранти и сообраќајни проблеми во Грција (ВИДЕО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop