Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена

March 7, 2025
1 min read

Пресудата е донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски рече образложувајќи го новото барање за изземање на судијата Ивица Стефановски.

-Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae на мене. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал, вели Палевски.

Претходно Палевски рече дека се бара изземање на судијата поради пристрасност.

-Во однос на листата на докази поднесена од моја страна на 26.09, судот пристрасно констатираше и донесе решение дека доказите кои се во моја корист, не можам да ги изведам затоа што се веќе биле изведени. Тоа не е точно затоа што без согласност од обвинетиот Љ.П. судијата дозволи да се читаат наслови и датуми и по една реченица без притоа да се објасни тој доказ каде е пронајден и под која околност е вештачен. Мојот обид да изнесам пред судот докази кои се во моја корист процедурално, вешто и некоректно е одбиено од процедурални причини за тоа ќе побарам и изземање она судијата Ивица Стефановски. Причината е во листата која е пред вас, е доказ број 7 ако може да го прочитам, вештачење од судска медицина од 15.12.2023 година во листата на докази на ОЈО Скопје постојат три писмени извештаи од истата институција. Предложениот доказ на Палчо број 7 не се наоѓа на листата затоа што и по датум е различен и по содржина, но пристрасноста во оваа постпката го отфрли како изведено, а не е изведено. Без моја согласност се прочитаа во сосема погрешен контекст сите 54 вештачењеа и нормално судијата одби да добијам шанса да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. ОЈО не ги изложи тие докази како докази во моја корист туку сосема обратно ги изложи како докази против мене, и тоа е причината за изземање, рече Палевски.

Поднесеното барање беше отфрлено од судечкиот совет, а против решението не е дозволена жалба. Ова не е прв пат Палевски да бара изземање на судијата од предметот, досега сите барања беа отфрлени од страна на претседателот на судот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово: Ниту една партија нема доволно пратеници за формирање влада, потребни се коалиции

Следно

Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop