Палестинско-британската режисерка за Анадолу ја раскажа пораката на нејзиниот филм „Учителката“

January 14, 2025
3 mins read

АНКАРА (АА) – ШУЛЕ ОЗКАН –

Палестинско-британската режисерка Фарах Набулси во разговор за Анадолу ја раскажа пораката од нејзиниот филм „Учителката“ (The Teacher), при што меѓу другото нагласи: „Сакам луѓето да се запрашаат дали за нив ова е прифатлива реалност, ако не, зошто Палестинците беа принудени да ја прифатат?“

Набулси ја освои наградата БАФТА за нејзиниот краток филм „Подарок„ (The Present) и беше номинирана за Оскар во категоријата за најдобар краток филм. Таа раскажа за потешкотиите што ги доживеала додека го снимала нејзиниот прв долгометражен филм, „Учителката“, кој имаше своја премиера во 2023 година, како и за тоа каков пристап има кон ликовите во нејзините приказни.

„Мојата главна цел при снимањето на филмот беше да ја одведам публиката на емотивно патување во животите и искуствата на ликовите. Се надевам дека ќе можам да ги натерам да размислуваат за овие избори и одлуки. Сакам луѓето да се запрашаат, дали е ова реалност прифатлива за нив? Ако не, зошто Палестинците се принудени да го прифатат тоа?“, рече Набулси.

– „Кога со свои очи ја видов неправдата, бев изненадена“ –

Родена и израсната во Велика Британија, Набулси нагласи дека е горда на идентитетот што го наследила од нејзините палестински родители и рече дека посетата што ја направила во Палестина пред околу 10 години била пресвртница во нејзиниот живот.

„Пред да одам во окупирана Палестина, мислев дека знам што се случува таму, но кога со свои очи ја видов неправдата, бев изненадена“, изјави Набулси.

Набулси, која за време на нејзината посета на Палестина наишла на контролни пунктови на патиштата, бегалски кампови, уништени куќи и деца приведени среде ноќ, рече дека овие дискриминации и болни сцени длабоко ја погодиле и речиси ја довеле во депресија.

„Кога ќе погледнам наназад, оваа ситуација беше и начин да се справам со неправдата на која бев сведок. Нема ништо поемотивно од тоа да создадеш нешто. Затоа се навлеков и почнав да снимам кратки филмови. Кога стигнав до мојот четврти краток филм, решив да направам следен чекор и го снимив мојот прв долгометражен филм ‘Учителката’“, рече таа.

– „Лично бев сведок на настаните во сценариото“ –

Набулси истакна дека има за цел преку киното да му ги покаже на светот тешкотиите што ги доживува палестинскиот народ и дека таа го напишала сценариото за филмот „Учителката“, кој беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2023 година, црпејќи инспирација од нејзините многубројни средби со Палестинците.

Изјавувајќи дека многу од навидум апсурдните настани во нејзиното сценарио се засновани на факти на кои таа лично била сведок или слушнала од прва рака, Набулси рече дека директно набљудувала ситуации како што се судењето на палестинските деца во воените судови, уништувањето куќи и насилството на илегалните израелски доселеници.

Набулси истакна дека ослободувањето на израелскиот војник заробен од Хамас во 2006 година во замена за повеќе од 1.000 палестински политички затвореници кои беа во административен притвор во 2011 година откри огромна нерамнотежа во вредноста на човечкиот живот.

„Никогаш не можев да замислам дека палестинските животи не се толку вредни како животот на еден израелски Евреин, што би довело до таква бездна при вреднувањето на човечкиот живот, што ќе резултира со смрт, повреди, глад и болести на стотици илјади луѓе во Газа“, рече Набулси.

– „Одеднаш се најдовме себеси како снимаме среде неправда во реално време“ –

Зборувајќи за тешкотиите што ги доживеала додека го снимала филмот, палестинско-британската режисерка вели дека ги предвидела тешкотиите што ќе настанат со заминувањето во земја каде што имало режим на апартхејд.

Набулси рече дека филмот е снимен во близина на селото Бурин во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, што предизвикало одредени тешкотии.

„Снимавме во близина на селото Бурин. За време на снимањето добивме вест дека илегални израелски доселеници се спуштиле во селото и ги запалиле засадените маслинови дрвја. За овој инцидент се зборуваше и во приказната на нашиот филм. На патот до работа, го паркирав автомобилот во близина на брачниот пар и нивните 6 деца кои стоеја пред урнатините на една куќа која штотуку била срушена. Израелската војска ја срушила оваа куќа пред само неколку часа“, признава таа за Анадолу.

Набулси го истакна психолошкото влијание на настаните и фактот што таа не можела да го предвиди стресот што тие настани ќе го создадат.

„Одеднаш се наоѓате себеси како снимате филм среде неправдите што ги доживува вашиот тим во реално време. Ова е многу различно од гледањето вести од далеку или од читањето весници. Многу од членовите на вашиот тим и уметници ги доживеале овие настани од прва рака. Ова е нивната реалност, нивниот свет, и да го имаш ова предвид, влијае длабоко кај луѓето, ментално и емоционално. Ова за мене беше најтешкиот дел од процесот“.

Набулси потсети дека проблемите и насилството кои се тема во нејзините филмови се засновани на бруталната воена окупација и колонизација, и истакна:

„Посветувањето на мојата уметност на оние кои беа замолчени, не е само достигнување, туку и привилегија и чест. Дехуманизацијата на која Палестинците беа подложени со децении ја натера светската заедница да заборави дека Палестинците живеат, сакаат, дишат, страдаат и доживуваат среќа како и сите други човечки суштества. Сакам луѓето да имаат поголема емпатија за приказните на Палестинците и да ја поддржат нивната борба за правото да живеат слободно.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со проектот „Безбеден град“ сообраќајот навистина ќе стане (по)безбеден

Следно

Туркије го олеснува враќањето на Сиријците во нивната татковина преку трите гранични премини во Хатај

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop