Палестинските власти: Упадот на израелската војска во болницата Шифа е воено злосторство

November 15, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Откако е објавено дека израелската војска влегла во болницата Шифа во Газа, палестинските власти порачаа дека тоа претставува воено злосторство, јавува Анадолу.

Генералниот директор на Кабинетот за медиуми во Газа, Ислаил ал-Севабите, изјави дека упадот на израелските окупациски сили во болницата Шифа претставува воено злосторство.

„Израел нема да може да докаже дека болницата Шифа е центар за управување со отпорот“, рече Севабите, додавајќи: „Окупаторската армија ќе внесе оружје во болницата, ќе го распореди на одреден начин и ќе фотографира.“

Зборувајќи за активностите и работењето на болницата Шифа, Севабите додаде:

„Пред неколку дена се обративме до сите меѓународни организации и Црвениот крст да ги спасат ранетите во болничкиот комплекс, но тие одбија да одговорат и ја презедоа одговорноста за тоа што се случува, застанувајќи на страната на целите на окупацијата“, рече Севабите.

Израелската Армија објави дека започнала воена операција против дел од медицинскиот центар Шифа во Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа потврди дека информацијата за почетокот на операцијата била проследена до болницата Шифа.

Официјални лица и пациенти кои учествуваа во телефонските разговори во живо на телевизијата Ал Џезира од болницата Шифа рекоа дека чекаат израелските војници да влезат на катовите каде што се сместени медицинскиот персонал и пациентите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Европеизација“ Вака народот се „тепа“ за пасоши

Следно

Груби: Нема да бидам следниот премиер

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop