Палестинските власти: Од 2022 година Израел одобри над 80 планови за нелегални населби на Западниот Брег и Ерусалим

September 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинската ослободителна организација (ПЛО) објави дека Израел од крајот на 2022 година одобрил над 80 планови за нелегални населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс), јавува Анадолу.

Издадени се одобренија за десетици илјади станбени единици, според извештајот објавен денес од Националното биро за одбрана на земјиштето и отпорот кон населбите на ПЛО.

Извештајот го нагласува брзото проширување на израелските населби на палестинска земја, овозможено со владините одлуки и воените наредби. Израелската армија, како што се наведува, создала „тампон зони“ околу многу од овие населби, посегнувајќи по соседните палестински села под превезот на осигурување на безбедноста на еврејските доселеници.

Израелските податоци покажуваат дека над 720.000 Израелци сега живеат во нелегални населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Изградбата на населбите значително се забрза откако десничарската влада на Израел, предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, дојде на власт во декември 2022 година.

Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации (ОН), ги сметаат овие населби за незаконски според меѓународното право. ОН постојано предупредуваа дека континуираното проширување на населбите ја загрозува одржливоста на дводржавното решение, рамка која се смета за клучна за решавањето на израелско-палестинскиот конфликт.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во јули донесе одлука со која се прогласи за нелегална децениската окупација на палестинските територии од страна на Израел. Судот повика на итна евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

И покрај светската осуда и повиците за запирање на активностите за населување, Израел продолжува со своите напори за проширување, продлабочувајќи ги тензиите во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски и Лафчиски на средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, Џонатан Стабс

Следно

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop