Палестинските деца во Газа: Сакаме исти права како и другите деца во светот

October 2, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинските деца во блокираниот Појас Газа ја повикаа меѓународната заедница да им обезбеди исти права на живот како и на другите деца во светот, јавува Анадолу.

Палестински деца учествуваа на митинг пред седиштето на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Газа на покана на Мрежата за заштита на децата.

Децата ги бараа своите основни права што се прекршуваат за време на 17-годишната израелска опсада.

Насобраните деца носеа транспаренти со натписи „Имаме право да живееме како другите деца во светот“ и „На гладните деца во Газа им се одземени најосновните човекови права“.

Палестинските деца, исто така, пренесоа порака до администрацијата на УНИЦЕФ за потребата од заштита на правата на децата во Газа.

Девојчето Јара ез-Зехарин повика да се заштитат правата на децата и на другите жители на Газа.

Таа побара меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ги ослободи децата притворени во израелските затвори.

„Ние децата се чувствуваме како да сме во голем затвор во Газа. Ни се одзема правото на безбеден живот, слобода на движење и патување“, вели ова мало девојче.

Девојчето Мера Мустех прати повик до сите земји да им помогнат.

„Спасете нѐ од војните и конфликтите во кои постојано живееме. Сакаме да живееме далеку од војна и конфликти, како и другите деца во светот“, рече таа.

Според податоците на Унијата на затвореници на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), во израелските затвори во моментов има околу 5.200 палестински затвореници, меѓу кои 38 жени и 170 деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца

Следно

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop