Палестинскиот амбасадор во Британија: Опресијата во Палестина не почна на 7 октомври, туку пред 106 години

December 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинскиот амбасадор во Велика Британија, Хусам Зомлот, рече дека опресијата на Израел во Палестина не е започната на 7 октомври, туку пред 106 години.

Во разговор за Анадолу на 7. ТРТ Ворлд форум во Истанбул, Зомлот рече: „Сѐ започна кога Британија им ги вети нашите територии на други, без да нѐ консултира, и нѐ претвори нас, палестинскиот народ, во нееврејско малцинство“.

„Потрагата по слобода и правда од страна на палестинскиот народ сега треба да се признае. Треба да се осврнеме на прашањата за човековите права, националните права, како и меѓународниот консензус и право“, истакна Зомлот.

„Она што Израел го разбира се воените решенија, насилството, заплашувањето цивили и вршењето притисок врз цивилните заедници“, рече палестинскиот амбасадор.

Тој истакна дека способноста на Израел да ја изврши сета оваа суровост е можна само преку дехуманизирање на Палестинците.

„Сигурно имате слушнато. Израелски министри нè нарекоа „животни налик на луѓе“. Бидејќи не можете да убивате обични луѓе на овој начин, мора да ги дехуманизирате“, рече тој.

Зомлот, кој привлече внимание со своите изјави и настапи на бројни западни телевизиски канали како „Си-ен-ен“ и „Би-би-си“, силно ги критикуваше напорите на Израел да се прикаже себеси како жртва.

Најмалку 17.700 Палестинци загинаа, а над 48.780 лица се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз енклавата од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каевски: Близок соработник на Мицкоски фатен со кокаин

Следно

ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Вања и Панче

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop