Палестински институции: Израел ќе ослободи 620 палестински затвореници во најновата размена

February 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти денес ќе ослободат 620 палестински затвореници како дел од седмата серија од првата фаза од договорот за размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу.

Списокот на затвореници кои треба да се ослободат вклучува 50 лица кои отслужуваат доживотна казна, 60 затвореници со долгогодишни затворски казни и 41 затвореник кои се повторно уапсени по ослободувањето според договорот Шалит во 2011 година, соопштија палестинските институции, меѓу кои и Канцеларијата за информации за затвореници, поврзана со Хамас, Комисијата за прашања за затворениците и Здружението на палестински затвореници.

На списокот има и 23 деца, една жена и 445 притвореници од Газа, приведени по 7 октомври 2023 година.

Меѓу оние што треба да се ослободат, 97 затвореници треба да бидат присилно депортирани, 95 затвореници се поврзани со Хамас, 40 со Фатах, 12 со Исламски џихад и четворица со Народниот фронт за ослободување на Палестина.

Претходно денес, Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, му предадоа шест израелски заробеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Рафа, Нусејрат и градот Газа.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила минатиот месец, запирајќи ја геноцидната војна на Израел, во која се убиени најмалку 48.300 Палестинци, главно жени и деца, и која ја остави енклавата во урнатини.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политички тензии: Министерството за јавна администрација ги демантира наводите на ДУИ

Следно

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop