Палестинската Цивилна одбрана пронајде уште 20 тела на Палестинци во северна Газа

February 3, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Спасувачките тимови на Цивилната одбрана извлекоа останки на тела на уште 20 Палестинци пронајдени на празен простор во северниот дел на Појасот Газа, кои се убиени од израелската војска во текот на нејзината геноцидна војна.

Дописникот на Анадолу вчера беше сведок на операциите за извлекување на телата од купиштата песок на празен простор во близина на уништено училиште користено како засолниште во градот Шеик Зајед во северна Газа.

Некои тела се извлечени во состојба на распаѓање, а некои и без екстремитети, а некои со само неколку коски, кои тимовите на Цивилната одбрана ги собраа во мали кеси.

Еден од припадниците на Цивилната одбрана вклучен во акцијата за Анадолу изјави дека овие тела биле откриени при рамнење на празна парцела во близина на засолниште што се поставува за да ги прими раселените Палестинци кои се враќаат од јужна Газа.

Припадникот, кој побара да остане анонимен, додаде дека овие тела се на група Палестинци кои биле „егзекутирани и закопани овде од израелската Армија“ за време на месеците на геноцид.

Тој, исто така, истакна дека ниту едно од телата не е идентификувано и покрај времето поминато од нивното извлекување.

Откако стапи на сила прекинот на огнот во Газа на 19 јануари, стотици тела на Палестинци се извлечени од урнатините на уништените домови и од патиштата низ Појасот Газа.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, спасувачките тимови извадиле 488 тела од стапувањето на сила на прекинот на огнот на 19 јануари.

Во геноцидната војна на Израел убиени се над 47.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се над 111.000 од 7 октомври 2023 година.

Во израелската офанзива врз Газа како исчезнати се водат над 11.000 луѓе, предизвика огромно разорување и хуманитарна криза, а ги однесе животите на многу постари луѓе и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимки од денешното рочиште откриваат дека Вања била грабната во 7:29 часот, обинетите со „цитроенот“ дошле еден час порано

Следно

Дурант остана во шок среде меч кога дозна за трејдот на Дончиќ (ВИДЕО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop