Палестина ја повика меѓународната заедница да ги отфрли израелските закони против УНРВА

January 15, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинскиот премиер Мухамед Мустафа денес ја повика меѓународната заедница да ги отфрли сите израелски закони против Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу.

„Израелските закони против УНРВА ги поткопуваат палестинските права и дводржавното решение и ја уништуваат секоја надеж за мир“, рече Мустафа на меѓународната конференција во Осло, Норвешка, за унапредување на решението со две држави за палестинско-израелскиот конфликт.

Во октомври, Кнесетот, израелскиот Парламент, донесе закон со кој се забранува работата на УНРВА, што на крајот ќе влијае на нејзината работа во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

ОН ги гледаат Газа и Западниот Брег како окупирана територија. Меѓународното право бара окупаторската сила да се согласи и да ги олесни програмите за помош и да обезбеди храна и медицинска нега.

Премиерот рече дека на Појасот Газа му треба одговорна влада која е „способна да ги залечи раните на Палестинците“ и да ја реинтегрира енклавата под власта на палестинската Влада.

„Изјавуваме подготвеност целосно да ги преземеме нашите одговорности во Газа и подготвеност да ја спроведеме резолуцијата 2735 на ОН“, додаде тој.

Советот за безбедност на ОН на 10 јуни усвои резолуција подготвена од САД со која се поддржува предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на огнот во Газа.

Норвешкото Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека конференцијата во Осло ќе се одржи во рамките на Глобалната алијанса за спроведување на решението за две држави, а со неа ќе претседава министерот за надворешни работи Еспен Барт Еиде.

Учествуваат над 80 земји и организации, вклучително и специјалниот координатор на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесланд, и генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини.

Конференцијата во Осло е трет последователен состанок откако Глобалната алијанса беше лансирана во септември. Претходните состаноци беа одржани во Саудиска Арабија и во Брисел.

Конференцијата се одржува во време на геноцидната војна на Израел врз Газа, во која се убиени над 46.600 луѓе, повеќето жени и деца, од 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР потврди: Исчезнатата Лидија Трајковска е жената чие тело е пронајдено во Вардар

Следно

Анчелоти презема драстични мерки за да избегне дополнително понижување од Барселона

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop