Палестина ја осуди одлуката на Израел за легализирање на населбите на окупираниот Западен Брег

June 28, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Палестина денес ја критикуваше одлуката на израелската Влада да ги „легализира“ населбите на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Палестинското Министерство за надворешни работи „силно го осуди легитимирањето од страна на израелската Влада на пет населби на Западниот Брег, заедно со плановите за изградба на илјадници нови станбени единици низ регионот“, според официјалната палестинска новинска агенција Вафа.

Министерството изрази „длабока загриженост поради континуираното проширување на населбите од страна на израелската Влада и консолидација на режимот на апартхејдот“.

Истакна дека овие дејствија имаат за цел да ја затворат вратата за секоја можност за остварување на палестинска држава.

Министерството смета дека Израел е „целосно и директно одговорен за сериозните последици и импликации од овие дејствија врз конфликтната арена и регионот како целина“.

„Ескалацијата на активностите за населување на окупираниот Западен Брег, вклучително и Источен Ерусалим, отворено ги оспорува релевантните резолуции за меѓународна легитимност, особено резолуцијата 2334. Ова го одразува официјалното израелско непочитување на меѓународниот консензус кој ја отфрла колонизацијата како пречка за решението со две држави“, соопшти Министерството.

Во Министерството се повикува на „итна американска и меѓународна интервенција“ и „запирање на едностраните и незаконски мерки на Израел, наметнување ефективни меѓународни санкции врз целиот колонијален систем на населби и примена на вистински притисок врз израелската Влада да ги прекине активностите за населување и да се усогласи со меѓународните мировни напори“.

Израелскиот кабинет синоќа ги одобри чекорите предложени од министерот за финансии Безалел Смотрич со цел „легализација“ на населбите на окупираниот Западен Брег и воведување санкции на палестинската управа, според израелската јавна радиодифузна корпорација.

Населбите се мали заедници основани од илегални израелски доселеници на палестинска земја во приватна сопственост без одобрение од израелската Влада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва ново издание на “Пат до Ѕвездите”: Роберт Саздов, Стојне Николова и Перо Камиказа ги избраа најдобрите

Следно

Слаб настап на Бајден на дуелот со Трамп

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран
Go toTop