Палатата на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин претворена во библиотека

September 28, 2024
1 min read

БАСРА (АА) – ХАЈДАР КАРААЛП –

Зградата, која некогаш беше палата на соборениот лидер Садам Хусеин во градот Басра во јужен Ирак, е претворена во библиотека во која се наоѓаат историски артефакти и книги, пишува Анадолу.

Библиотеката, која содржи голема колекција на книги и ракописи за историски артефакти и археолошки наоѓалишта во Ирак, исто така го олеснува пристапот на академиците до книги, ракописи и археолошки ресурси.

„Библиотеката не е само првата библиотека која содржи извори поврзани со историските артефакти на Басра, туку и на југот на Ирак“, рече Мустафа ал-Хусејни, директор на Одделот за историски артефакти во Басра.

Тој истакна дека во библиотеката, која е основана во една од палатите на Садам Хусеин, се чуваат многу вредни книги.

Хусејни рече дека меѓу книгите има трудови од странски и ирачки археолози кои спроведувале археолошки истражувања. Во нив се и мислења, сугестии и коментари за археолошките истражувања.

„Во библиотеката има 5.000 книги. Збирката книги во оваа библиотека, прва за жителите на градовите на југот на Ирак, ги опфаќа Сумерите, Вавилонците и Асирците во Ирак и другите древни периоди“, појасни Хусејни.

Џунејд Сорош Вали, шеф на ирачката култура на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), кој дојде да ја посети библиотеката, истакна дека библиотеката се наоѓаат важни историски дела.

Тој изрази задоволство што делата се добро сочувани и внимателно сместени во оваа библиотека.

„Ова место, исто така, дава можност за идните генерации да учат за историјата на Ирак и да ја подигнат свеста за неговата култура и историските споменици, кои се сметаат за едно од неговите богати наследства. Библиотеката е исто така клуч за зачувување на културните вредности на различни провинции во Ирак, како Мосул и Басра“, истакна Вали.

Супервизорот на централната библиотека на гувернерот на Басра, Јасим Али, изјави дека зградата на библиотеката била една од палатите што Садам Хусеин ги изградил пред 2003 година.

„Ова беше една од претседателските палати на Садам изградена во 1992 година. Оваа зграда беше под монопол на стариот режим и не беше отворена за јавноста во Басра“, рече Али.

Тој наведе дека сега библиотеката ја посетуваат студенти, истражувачи и официјални претставници.

„Овде има многу книги на англиски, како и на арапски јазик. Тука има книги кои се стари повеќе од 100 години“, додаде Али.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники

Следно

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Србија

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop