Screenshot

Пал Заранди: Со влезот на One Macedonia ќе се активира конкуренцијата, граѓаните да внимаваат на двегодишни договори

January 25, 2026
1 min read

One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју за ТВ Алфа, Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на One Macedonia и директор за мобилна стратегија во 4iG, истакна дека во првите пет години од работењето се планирани инвестиции повисоки од 100 милиони евра.

Осврнувајќи се на состојбите на пазарот, Заранди посочи дека со најавениот влез на нов оператор, конкурентската динамика ќе се интензивира, при што постојните оператори ќе се обидат да ги задржат своите корисници. Во тој контекст, тој предупреди дека граѓаните може да се соочат со понуди за подолгорочни договори, и апелираше тие внимателно да ги разгледаат своите одлуки пред да се обврзат на подолг период.

„Не е изненадување што конкурентите ќе настојуваат да ги обврзат корисниците со подолгорочни, дури и двегодишни договори. Затоа, можеби е добро граѓаните внимателно да ги разгледаат своите одлуки пред да се обврзат на долг период“, рече тој.

Планираните инвестиции ќе бидат насочени кон изградба на современа 5Г мрежа, вработување стручен кадар и развој на услуги, при што компанијата веќе инвестирала околу 8 милиони евра за фреквенцискиот спектар и ќе продолжи редовно да ги исполнува обврските кон регулаторните институции.

„Нашата цел е да изградиме многу ефикасна, модерна и поинаква мрежа, со поголема автоматизација и капацитети, а таа ефикасност да се почувствува и кај корисниците преку подобри услуги и поедноставен пристап“, истакна Заранди.

Посебен акцент ќе биде ставен на цените и на јасноста на понудата. Наместо комплексни пакети и голем број опции, новиот оператор планира ограничен број едноставни и лесно разбирливи тарифи, со цел корисниците полесно да донесуваат одлуки и да имаат целосна транспарентност за тоа што добиваат.

Покрај мобилните услуги, компанијата има амбиции да понуди и домашен широкопојасен интернет базиран на 5Г технологија, особено имајќи ја предвид ограничената конкуренција на пазарот на фиксен интернет во земјава.

Со ваквиот пристап, One Macedonia најавува дека ќе се обиде да изгради долгорочна доверба со корисниците и да понуди реална и фер алтернатива на постојните телекомуникациски услуги на македонскиот пазар.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон бара итно носење на законот за забрана на социјални мрежи за деца под 15 години

Следно

Слот: Пораз во продолжението е сурова реалност

Latest from Blog

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука
Go toTop