Паѓаат ли во вода предизборните ветувања на Мицкоски за поголеми плати на работниците

January 15, 2025
1 min read

Владата на премиерот Христијан Мицкоски го обвини УПОЗ дека протестите на дел од административните работници се ‘малициозни и политички мотивирани’, при тоа тој ги повика на разговор за ‘изнаоѓање на вистински решенија’.

Во соопштението на Владата, пишува дека доколку не ја прифатат средбата ќе остане сомнеж дека ‘УПОЗ е синдикална организација која одработува за нечии партиски интереси и за собирање ситни политички поени на грбот на граѓаните’.

„Платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани“, пишува Мицкоски.

Од друга страна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пред донесувањето на Буџетот за 2025 година праша: „Зошто се зголемува буџетот за плати во Влада од 383 милиони денари во 2024 година на 591 милиони денари во 2025 година? и дали власта ќе вработува нови луѓе?

„Сакате партиските активисти да ги сместите? Или зошто за една третина се зголемува трошокот за плати во СОЗР, од 207 милиони денари во 2024 на 300 милиони денари во 2025 година? Исто е во Министерството за правда од 122 милиони денари во 2024 на 153 милиони денари во 2025? Исто е во Министерството за земјоделство, трошок за плати од 648 милиони денари во 2024 на 766 милиони денари во 2025 година? Во Министерството за транспорт и врски, зголемување на масата на плати од 167 на 247 милиони денари и стоките и услугите од 71 милиони денари на 115 милиони денари. Очигледно планирате добро да ја натоварите администрацијата со партиски војници додека седум години во опозиција ветувавте ефикасна и мала администрација“, посочи Филипче.

Инаку, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски денеска изјави дека секој обид од страна на Владата или политичките партии да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе биде залуден. 

Вработените од шест министерства и од Државниот завод за статистика во вчера (14 јануари) започнаа со предупредувачки протести коишто ќе траат секој ден пред институциите од 11 до 11.30 часот.

Тие во средата незадоволството го изразија пред Министерството за култура каде порачаа дека платите на 70 отсто од вработените се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи, кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти. Во моментот висината на платите на вработените во овие институции кои протестираат почнува од 25.010 денари, просечната плата е околу 29.000 денари, додека просечната плата во државата е 42.124 денари. Со додатокот од 30 отсто, кој го бара синдикатот, овие вработени би добиле уште 6.000 денари.

Протестите ќе продолжат и утре, како што велат синдикалците се до исполнување на нивните барања, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фетаи: Антикорупциска отвори случај за Скендер Асани, ќе истражат сомнежите за злоупотреба!

Следно

Европската престолнина на културата Хемниц ги проширува своите проекти преку границата до Чешката Република

Latest from Blog

Министерството воведе забрана за шуми – заштита од пожари до крајот на август

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известувајавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,

ПОЧИНА СЛАВНИОТ КОМПОЗИТОР НА ФИЛМСКА МУЗИКА ЛАЛО ШИФРИН, АВТОР НА ТЕМАТА ОД „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА“

Аргентинско-американскиот композитор Лало Шифрин, кој се прослави како автор на филмска музика, вклучувајќи ја темата од „Невозможна мисија“, почина на 93 години. Шифрин доби четири награди Греми и шест пати беше номиниран

Стан изгоре во пожар во Делчево

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата
Go toTop