Падна Х (Твитер), корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

December 21, 2023
1 min read

Социјалната мрежа Х, која е во сопственост на американскиот мултимилијардер Илон Маск, се уште не излегла со коментар во врска со проблемот

Платформата Х, порано позната како Твитер, доживеа глобален прекин.

Според „Даундетектор“ (Downdetector), повеќе од 47 000 американски корисници се соочуваат со проблеми при пристапот до X и X Про, пренесува Би-би-си.

Фото: „Даундетектор“

Некои корисници во Обединетото Кралство и Азија исто така не можат да ги видат објавите на страницата, а им се појавува порака „Добре дојдовте на X!“

Хаштагот #TwitterDown стана тренд за неколку минути по извештаите за прекини. Но, прекинот беше краткотраен, а корисниците можеа повторно да пристапат на платформата по нешто повеќе од еден час.

Социјалната мрежа Х, која е во сопственост на американскиот мултимилијардер Илон Маск, се уште не излегла со коментар во врска со проблемот.

Маск го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салиу: Со пописот излегува дека само Роми умирале

Следно

Макрон: „Борбата против тероризмот не значи уништување на сѐ во Газа“

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop