Означен стартот на 37- Охридски пливачки маратон

August 31, 2024
1 min read

Сите 19 пријавени пливачи точно во 11 часот запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 37-миот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Деветнаесетте маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе треба да ја испливаат 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.

Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во присуство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Покрај маратонците од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово, во водите на езерото боите на Македонија ќе ги бранат Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.

Температурата на водата е просечно околу 24,5 степени Целзиусови, но моменталните временските услови со засилен ветар од северозападен правец секако не оди во прилог на пливачите, така што во такви услови за да стигнат до целта ќе им бидат потребни повеќе од пет и пол часа.

Наградниот фонд на маратонот изнесува дванаесет илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Маратонот и оваа година е завршниот настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши потврди дека ќе се намали данокот на најбогатите компании, од кои три се банки

Следно

Русија: Огромен пожар избувна во административна зграда во центарот на Москва

Latest from Blog

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува

Изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски – портрети на денешницата

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите
Go toTop