Ова се документите што ја потврдуваат тендерската мрежа во министерството за дигитализација

March 11, 2025
1 min read

Ова се двата договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчарова, државна секретарка во министерството.

Документите од овие два тендери, потврдуваат дека преку Министерството на Стефан Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото Министерство.

-Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ. Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција. Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал и дали бил и тој соучесник, бидејќи неговото име и презиме стои на договорите како потписник, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска која истакна дека овој скандал е пример за директен конфликт на интерес, непотизам и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски во посета на Азербејџан: Градиме пријателства со цел поефикасно справување со современите безбедносни предизвици

Следно

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Азербејџан Алијев

Latest from Blog

Претседателот на италијанската федерција побара од Гатузо да остане селектор

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, побара од селекторот Џенаро Гатузо да остане на својата позиција и покрај неуспехот во квалификациите за Светското првенство. Зборувајќи за сопствената иднина, Гатузо рече

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop