Оудеа-Кастера: „Преместувањето на бездомниците и барателите на азил од Париз нема никаква врска со Олимпијадата“

May 31, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Француската министерка за спорт, Амели Оудеа-Кастера, денес изјави дека одлуката на Владата да ги премести бездомниците и барателите на азил од главниот град не е поврзана со претстојните Олимписки игри што ќе се одржат во Париз следната година, јавува Анадолу.

„Имаме големи проблеми со итно сместување, но тоа не е вина на Олимпијадата. Тоа е нешто што започна во април. Не смееме да ги направиме Олимписките игри жртвено јагне за сите наши фрустрации“, изјави Оудеа-Кастера за каналот „Франс 2“.

Почнувајќи од март, Владата побара од регионите низ земјата да воспостават привремени сместувачки капацитети за голем број бездомници и баратели на азил што ќе го напуштат главниот град.

Министерот за домување на земјата, Оливиер Клајн, во Парламентот рече дека овој месец многу хотели во главниот град не сакаат да обезбедат привремено сместување за бездомниците и барателите на азил во текот на претстојната есен бидејќи очекуваат голем број клиенти за време на Светскиот куп во рагби и Олимписките игри 2024 година.

Локалните политичари изразија загриженост за планот на Владата да охрабри илјадници бездомници и баратели на азил да го напуштат Париз.

Филипе Салмон, градоначалникот на Бруз, град во северозападна Бретања во близина на регионалниот главен град Рен, го изрази своето несогласување со предлогот да се формира нов центар во неговиот град.

„Ние не ја поддржуваме идејата да имаме објект во нашиот регион под услови што ги сметаме за неприфатливи“, рече тој.

Според градското Собрание на Париз, околу 150.000 лица живеат во привремени станови во регионот на Париз, а околу 3.000 луѓе немаат соодветно засолниште.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Столетието на Туркије“ е сеопфатен патоказ

Следно

Хил: САД се против потезите на Приштина, ќе има последици

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop