Отворено Балканското првенство во борење, Ристовски им посака добредојде на младите спортисти од целиот регион

October 4, 2024
1 min read

Министерот за спорт Борко Ристовски денес официјално го отвори Балканското првенство во борење за младински категории, посакувајќи им добредојде на младите спортисти од целиот регион.

На овој престижен спортски настан што се одржува во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје се собраа најголемите таленти во регионот, во машка и во женска конкуренција.

На свеченото отворање на шампионатот, министерот Ристовски ја истакна важноста од поддршка на младите спортисти и негување на спортскиот дух, тимската работа и дисциплината кај помладите генерации.

-Ова првенство не е само натпревар, туку прослава на вредностите кои борењето ги всадува кај младите – упорност, дисциплина и почит. Горд сум што Македонија е домаќин на еден ваков важен настан, кој ги обединува народите од регионот во духот на спортот – изјави министерот Ристовски.

Министерот исто така им се заблагодари на организаторите, тренерите и на волонтерите за нивните напори во организирањето на настанот, а на сите учесници им посака успешен настап во борбите за балканските титули.

Министерство за спорт

-Овие натпреварувања не се само за освојување медали туку и за градење пријателства, учење и растење како спортисти. Ги охрабрувам сите млади борачи да го дадат својот максимум и да уживаат во искуството – истакна министерот Ристовски.

Балканското првенство во младински категории што ќе трае до 6 октомври, вклучува натпревари по категории во три возрасни групи – пионери (У15), кадети (У17) и јуниори (У20), давајќи им шанса на младите борачи да блеснат на меѓународната сцена. На првенството настапуваат 515 борачи од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија и Романија.

Првенството има за цел да ја промовира регионалната соработка преку спорт и да ја инспирира следната генерација на шампиони. Овој масовен спортски настан воедно е и платформа за младите спортисти да стекнат вредно меѓународно искуство, зајакнувајќи ги врските помеѓу земјите на Балканот.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Австралискиот милијардер Ендрју Форест донира 10 милиони долари за Газа

Следно

Туркије го осуди израелскиот воздушен напад врз Тулкарем, обвинувајќи го Израел за геноцид во Газа

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop