Отворен е големиот Сити пазар по повод 8 март

March 2, 2025
1 min read

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол се одржува голем „Сити базар – Подари љубов“ на кој се претставуваат дури 42 модерни ракотворци.

Од 2 до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат се:Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL.RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA Macrame, Zen.Zeal, Креативно студио Алегра, Botanikly, Lila Handmade, ByMimi Cosmetics, vbunarovska, АПИ КОЗМЕТИКА, Рачни уметнички ракотворби ДИМОВСКИ, Love Corner, Малезан Филигран, Glossy accessories, АКРЕА и BLOOM.

Од 6 до 8 март на првиот кат зад штандовите ќе бидат брендовите: Marcy’s handmade, epoxy_handmadebyclay, Кожарска работилница Хорват, МЕДЕНА, Шарено ќоше, Пекара Ваташа, Монкдолс, Irena’s bouquets, Џули Декупаж, Атеље Марта Пејоска, Filigree LARGO, GLOW Natural, Девојчето со книгите, Игнеа еко арома козметика, Small piece of joy, ЛАВИТА АГРО АБ, Лала Студио, Julia Barbun, Cariño handmade gifts & accessories, Nebula jewelry и Еко восочни обвивки.

Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената ќе се претстават со широка лепеза производи. За сите дами, артизаните изработија оригинален и храбро конципиран еклектичен накит, иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Ракотворците ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање наративи од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, дел од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина на лице и тело, цветни аранжмани, растетија, уникатни саксии, производи од свила и домашно направени колачи и чоколади. Некои од уметниците креираа и чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила, како и декоративни органски сапуни и свеќи и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба.

И овој настан е дел од новата иницијатива на Скопје Сити Мол – „Сити базар“, која започна во јануари. Како општествено одговорна компанија, активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол, не само што обезбедува простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ги поттикнува посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат и афирмираат креативниот влог на македонските ракотворци. Новата платформа „Сити базар“ ќе се одржува во текот на целата година, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас пак даде гол за Торино

Следно

Доцна вечерва ќе се доделат наградите Оскар, еве што треба да знаете

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop