Откриена е огромната сума што Јунајтед ја плати за да го доведе и отпушти Аморим

January 6, 2026
1 min read
ФОТО: Manchester United/FB

Рубен Аморим доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед по само 14 месеци, а целиот ангажман и предвремениот раскин на договорот го чинеа клубот речиси 32 милиони евра. Португалецот во понеделникот бил повикан во тренинг-центарот Карингтон, каде извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му го соопштиле отказот по конфликтот со раководството на клубот, пишува Daily Mail.

Цената на неуспешната епизода

Само отпремнината за Аморим изнесува 10 милиони евра, со што вкупниот трошок за неговиот престој на „Олд Трафорд“ достигна вртоглави 32 милиони евра. Да потсетиме, Јунајтед во октомври 2024 година плати 9,5 милиони евра оштета на лисабонски Спортинг за да го доведе, плус уште еден милион евра за предвремен почеток на работата. Неговата годишна плата изнесуваше 7,5 милиони евра, па отпремнината за остатокот од договорот, кој важеше до јуни 2027 година, изнесува нешто повеќе од 11,5 милиони евра. Клубот дополнително ќе мора да го исплати и петчлениот стручен штаб што пристигна со него од Португалија.

Судир околу тактиката – капката што ја прели чашата

Мандатот на Аморим ќе остане запаметен по слабите резултати. Тој ја водеше екипата во втората половина од најлошата сезона на клубот во повеќе од половина век, а Јунајтед ги пропушти европските натпреварувања само вторпат во последните 35 години. Оствари само 25 победи на 63 натпревари, што е најлош процент на победи и најнизок просек на бодови по натпревар во ерата на Премиер лигата. Заминува додека Јунајтед е шестопласиран на табелата.

Неговиот пад го запечати тврдоглавоста и неподготвеноста за компромис околу преферираниот систем со тројца централни дефанзивци, што го доведе во директен судир со претпоставените. Одлуката за смена била донесена уште во петокот, два дена пред ремито 1:1 против Лидс.

Пресудата следела по состанокот меѓу Аморим и Вилкокс по ремито против последнопласираниот Вулверхемптон минатиот вторник – натпревар на кој Аморим повторно се врати на системот со тројца дефанзивци.

На Аморим му било кажано дека тимот, засилен со летни засилувања вредни 250 милиони фунти, е доволно добар за да му се укаже доверба и дека е способен да игра поофанзивен фудбал.

Се чини дека пораката не била прифатена со разбирање, туку предизвикала бесна реакција од португалскиот тренер, кој потоа на прес-конференциите даваше прикриени коментари за проблемите со раководството, а испадот по мечот со Лидс само ја запечатил неговата судбина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Не може сега да има избори во Венецуела, прво треба да ја поправиме земјата

Следно

Денеска и утре не се очекуваат блокади на Евзони

Latest from Blog

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. – Интензитетот со кој Израел

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да
Go toTop