Отфрлена претставка против Алсат во Агенцијата за медиуми

February 29, 2024
1 min read

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја отфрли како неоснована претставката против редакцијата на Алсат телевизија и уште три национални медиуми за известувањето од 28 јануари кога Собранието ја избра техничката влада со техничкиот премиер Талат Џафери. Анонимната претставка од група граѓани се однесува на начинот на известување и тврдењата дека Алсат не емитувала материјал од седницата, од експозето на премиерот и случувањата по 28 јануари. Од направената анализа, испаднало спротивното. Поради тоа претставката на групата граѓани кои сакале да останат анонимни е неоснована. Тоа било заклучено од фактичката анализа на информативните изданија кои освен што се достапни на социјалните мрежи, ги поседува и Алсат.

Техничкиот премиер Талат Џафери во последното интервју за Kallxo.com во Косово рече дека националните медиуми не ги емитувале неговите експозеа од денот кога тој и неговиот кабинет беа изгласани.

„Ги имате во соодветните медиумски архиви. Земете ги известувањата од локалните медиуми на 28 јануари, никаде го нема говорот, излагањето на премиерот на почетокот на програмата и владините состави“, рече Талат Џафери, технички премиер.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на неговото гостување во косовските медиуми, поточно во РТВ Дугаѓини, ги обвини националните медиуми во земјава, посочувајќи дека ја исекле и не ја покажале фотографијата на Талат Џафери на денот кога била изгласана техничката влада.

„Националните телевизии во Северна Македонија вчера ја бојкотираа фотографијата на г-дин Талат Џафери, гласот на Талат Џафери. Мораме да ги прашаме нив. Сите национални телевизии вчера во Северна Македонија ја бојкотираа фигурата на Талат Џафери. Ги покажаа снимките од Собранието, но ја исекоа фотографијата на Талат Џафери и неговата изјава“, рече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Телевизија Алсат неодамна се соочи со голем број вакви претставки, сите доставени од анонимни лица. Никој од поднесувачите не нашле храброст да достават жалба со име и презиме и покрај тоа што законот дозволува такво нешто и субјектот против кого е поднесена жалбата нема право на правни мерки./Алсат.мк
Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Шведска му докажа на светот дека греши со карантините

Следно

Новинарка го налути Рама, еве што го праша

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop