Осуммина загинати во протестите на годишнината од ланските смртоносни немири

June 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кениската Национална комисија за човекови права (KNCHR) денес јави за осуммина загинати од повреди од огнено оружје во шест окрузи за време на националните протести по повод годишнината од смртоносните протести против оданочувањето кои се одржаа минатата година, јавува Анадолу.

Претходно, локалните медиуми јавија дека бројот на жртви е четири, меѓу кои две деца.

Повредени се над 400 лица – демонстранти, полицајци и новинари – а најмалку 61 се приведени, според соопштението на Националната комисија за човекови права.

Оттаму се наведува и користење прекумерна сила, „гумени куршуми, боева муниција и водни топови“, што предизвика голем број повредени.

Комисијата соопшти дека добила веродостојни извештаи за „платени насилници“, кои се инфилтрирале во протестите во неколку градови, „вклучени во насилства, грабежи и уништување на имот“.

Исто така, „остро“ ја осуди наредбата на Управата за комуникации (CA), наложувајќи им на сите телевизиски и радио станици да го прекинат преносот во живо од протестите.

Високиот суд на Кенија издаде наредба со која се суспендира директивата на Управата. Судот наложи сите сигнали на емитување исклучени според оспорената директива да бидат „веднаш“ вратени, во исчекување на дополнителни наредби од судот.

Глобалната NetBlocks соопшти дека податоците во живо покажуваат дека се воведени ограничувања на Телеграм во Кенија, поради зголемената загриженост за пошироко исклучување на интернетот.

Кенискиот претседател Вилијам Руто ја повика нацијата да протестира „мирно без да запаѓање во хаос и уништување имот“, пренесе веб-страницата за вести „Kenyans“.

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците низ целата земја за да ја одбележат првата годишнина од демонстрациите против Законот за финансии одржани на 25 јуни 2024 година, што доведоа до упад во Парламентот, полициска интервенција со огнено оружје и над 60 загинати.

Администрацијата на Руто се соочи со интензивен надзор за тоа како се справи со протестите, што предизвика и голема материјална штета.

Владата подоцна ги призна жртвите и исчезнувањата поврзани со немирите. Руто го распушти речиси целиот свој Кабинет во јули, задржувајќи го само премиер-секретарот на Кабинетот, Мусалија Мудавади.

Предизвикани од јавниот гнев поради зголемените трошоци за живот и даночните политики на Руто, демонстрациите во Најроби, Кисуму и Момбаса беа меѓу најинтензивните.

Првично фокусирани на економски барања, протестите ескалираа во барања за оставка на Руто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково    

Следно

Турскиот претседател Ердоган: Трамп „со добри намери“ за испораката на Ф-35 на Турција

Latest from Blog

Колева во 24 анализа: Македонската дипломатија потфрла, не видовме ништо конкретно

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Даниела Колева во 24 анализа рече дека македонската дипломатија потфрла. Според неа, од сите досегашни средби нема ништо конкретно. „Не видовме ништо конкретно. Нашата македонска

Лалана ја заврши кариерата

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Адам Лалана објави денеска дека стави крај на кариерата, на 37-годишна возраст. Лалана порача дека ја завршува кариерата со огромно чувство на гордост и благодарност, пред сè на

Аквариумот „Си лајф“ во Њу Џерси, една од најпопуларните атракции за туристите

СКОПЈЕ (АА) – Аквариумот „Си лајф“, лоциран во трговскиот и забавен комплекс „Aмерикан дрим“ во Њу Џерси, останува една од најпопуларните атракции за семејствата и туристите, нудејќи фасцинантен увид во подводниот свет,

Апсења во Србија под сомнение за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија

Нови тензии вечерва во Белград. Полицијата уапси  шест лица под сомнение за подготовка на дела за уривање на уставниот поредок и безбедноста. Нивниот план бил да не се враќаат дома се додека
Go toTop