Осум години од крвавиот „27 април“

April 27, 2025
1 min read

Денес се навршуваат осум години од насилниот упад во македонското Собрание, познат како „Крвавиот четврток“.

На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти, поттикнати од иницијативата „За заедничка Македонија“, го проби полицискиот кордон и насилно влезе во законодавниот дом.

Пратеници, новинари и службеници беа нападнати, а повеќе од 100 лица беа повредени.

Судските процеси завршија со вкупно 211 години затвор за 16 обвинети, меѓу кои и високи безбедносни функционери. Највисока казна од 18 години доби Митко Чавков, додека други беа осудени на затворски казни од 7 до 15 години. Дел од обвинетите, меѓу кои и пратеници и организатори на протестите, беа амнестирани со закон од 2018 година.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во февруари оваа година информираше дека под истрага се пет лица осомничени за организирање на настаните од 27 април.

Исто така обвинителството информира дека во почетокот на 2017 година, осомничените подготвиле и спровеле план за спречување на мирната примопредавање на власта. За таа цел организирале и материјално поддржале масовни протести, прво пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“, кои кулминирале со насилниот упад во Собранието на 27 април.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На денешен ден се сеќаваме на Горан Стефановски

Следно

Рибарите од Газа соочени со зголемена опасност и глад поради израелската блокада и нападите

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop