Остров Тумбату – Скриен рај на Занзибар што отвора врата кон традиционалниот живот

January 18, 2025
1 min read

ТУМБАТУ (АА) – Тумбату, трет по големина остров во архипелагот Занзибар, е вистинско скриено богатство крај брегот на Танзанија, јавува Анадолу.

Со осамените плажи, бујната вегетација и живописниот локален живот, овој остров претставува мирно прибежиште далеку од градскиот метеж.

Островот е познат по културните и историските богатства што сведочат за неговото значење во средновековната свахилска историја.

Најзначајни се руините на древниот град Џонгове, кои нудат уникатен увид во минатото на ова подрачје.

Локалното население, познато како Ватумбату, ја чува својата автентична култура преку традиционалната разновидна гардероба, музика и танц Гома, кои се неизоставен дел од животот на островот.

Исто така, Тумбату е природен рај за љубителите на подводниот свет. Неговите чисти води изобилуваат со морски живот, што го прави совршено место за нуркање и истражување на коралните гребени.

Посебна привлечност на островот му даваат старинските куќи, изградени во традиционален стил, кои ја отсликуваат едноставноста на животот на локалните жители.

Овие архитектонски бисери, во комбинација со природните убавини, ја зголемуваат туристичката вредност на регионот и привлекуваат посетители што бараат уникатно и автентично искуство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во Скопје, лишени од слобода дилери на дроги и оружје

Следно

На Флорентино Перес му нема рамен: Ќе биде реизбран за претседател на Реал Мадрид

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop