Основачот на Телеграм Дуров е приведен на аеродромот во Франција

August 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Павел Дуров, основач и главен извршен директор (ГИД) на апликацијата за пораки Телеграм, бил приведен на аеродром во Франција, каде што дошол од Азербејџан со приватен авион, известува Анадолу.

Според веста што ја објави француската телевизија TF1, базирана врз анонимен извор, Дуров, кој ја напуштил Русија по почетокот на војната во Украина и почнал да живее во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), бил приведен на аеродромот Бурже, во близина на главниот град Париз.

Додека сѐ уште не е позната причината зошто е приведен Дуров, се тврди дека имало налог за негово приведување во Франција.

Приватниот авион со Дуров, чие богатство се проценува на приближно 15 милијарди долари, полетал од Азербејџан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серијал „Бисера Антоанета“, скандал за аздисаноста во раскошот на власта на СДС, денес 11.15 минути прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Ѓоковиќ: Барам промени, сите мора да се третират подеднакво

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop