Османи очекува појаснување од Вучевиќ по изјавата дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на С Македонија и Црна Гора, реагираше и Рама

August 21, 2023
3 mins read

Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Сметаат дека се во НАТО пактот и дека си ги решиле проблемите. Ова е мантра и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО алијансата, мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека веќе ништо не може да им се случи, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк

Црна Гора и Северна Македонија ја навредија Србија со признавањето на независноста на Косово, тоа претставува мешање во внатрешните работи на една земја, изјави денеска министерот за одбрана на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ за ТВ Пинк.

„Направивте грешка и ќе ви се удри од глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана не ви веруваат во тоа“,

изјави Вучевиќ.

Тој вели дека постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

„Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Сметаат дека се во НАТО пактот и дека си ги решиле проблемите. Ова е мантра и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО алијансата, мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека веќе ништо не може да им се случи. Мора да погледнете она што е во историјата, да ги разберете малку другите околности и да разберете што се случува во нивниот двор. Ние не сакаме да ја водиме нивната политика, тоа е прашање за нив. Но, можеме да констатираме дека 25 проценти од Албанците имаат 50 проценти од власта во Северна Македонија. Ако е ок за Македонците, ок е и за нас, само очигледно ќе имате политика која нема да ја гледаат Македонија како своја земја“,

рече Вучевиќ.

Вучевиќ оцени дека постои сеалбански консензус за сенационално обединување и дека „наивните Срби мислат дека тоа не може да се случи и дека нема промени на границите“. Тој нагласи дека „отсекогаш важела мантрата дека границите не се менуваат, па се менувале“.

„Не би спиел мирно, но тоа е прашање за Скопје, а Подгорица нека види што ќе прави. Гледам дека сега најголемото прашање за нив е дали на српските партии, или на српската партија или на коалицијата им се дозволува да дојдат на власт со, условно кажано, некои мали министерства. Во Северна Македонија, 25 отсто од Албанците имаат 50 отсто од владата, а во Црна Гора 30 отсто од Србите не можат да имаат две министерства или дури едно. Велат се мешаме во внатрешните работи. Ни се мешате во внатрешните работи – го признавте Косово, има ли полошо, понепристојно и поотворено мешање во внатрешните работи“,

заклучи Вучевиќ.

Османи: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

По ваквите изнесени ставови на српскиот министер за надворешни работи, со реакција се јави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој на својот Фејсбук профил порача дека Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството.

„Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија“,

напиша Османи.

Вучевиќ, пак, преку Твитер, му одговори дека „и покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи“.

„Нашата поддршка за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна. Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги докажаа нашите предупредувања дека Косово не е случај од sui generis и дека ќе се врати порано или подоцна. Никој во Србија не се фали за тоа, само ги кажува фактите“,

напиша Вучевиќ.

Рама: Заканите по стабилноста во С Македонија и Црна Гора опасни и неприфатливи

На изјавата на Вучевиќ дека Северна Македонија и Црна Гора, со признавањето на Косово направиле грешка која ќе им се удри од глава, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама.

Тој ги нарекол „многу опасни“ и „неприфатливи“ изјавите на Вучевиќ, пренесуваат албанските медиуми.

„Заканите против стабилноста и интегритетот на Северна Македонија и Црна Гора се многу опасни и неприфатливи. Да не заборавиме дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се сојузници на НАТО, целосно посветени на безбедноста и територијалниот интегритет на едни со други“,

изјавил Рама.

Tој нагласи дека иднината на регионот е Голема Европа.

„Во последната деценија во овој регион го постигнавме она што никој не можеше да го замисли со децении претходно и не можеме и нема да дозволиме некој да не влече назад во минатото кое го оставивме зад нас засекогаш! Заедно! Голема Европа е нашата единствена иднина“,

порачал Рама.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мастерклас на режисерката Мила Турајлиќ и почеток на МакеКоПроДокс Форум на 14. „МакеДокс“

Следно

Уапсен соработник на Звицер: „Испрал“ милиони за Кавачкиот клан – еве како падна во рацете на полицијата

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop