Османи: Инцидентот со навивачите да не се става во контекст на односите меѓу С Македонија и Бугарија

July 29, 2023
2 mins read

На денешниот брифинг со новинарите, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи рече дека не прави корелација меѓу инцидентите по натпреварот Шкупи – Левски и односот на Северна Македонија и Бугарија. За него тоа е прашање на воведување ред, идентификување на сторителите, нивно казнување и изразување јавно жалење за случувањата

Не може преку навивачите да се носат заклучоци за односите меѓу државите. Вака одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашање на новинарка на бугарската БТВ за инцидентите по фудбалскиот натпревар Шкупи – Левски или, како што заклучи новинарката – зачестените напади кон Бугарите.

„Порано во Северна Македонија често имавме вакви инциденти помеѓу навивачите од различни етнички групи и заедници. Секогаш ми бил ставот дека не може преку навивачите да се носат заклучици за односите што ги имаат различните етнички групи, а во овој случај државите. Тоа е посебен свет во кој навивачите имаат посебен однос еден кон друг и никогаш не треба случувањата помеѓу клубовите и навивачите од било кои групи да се ставаат во контекст на политичките односити внатре или помеѓу државите“,

рече Османи.

На денешниот брифинг со новинарите, Османи рече дека не прави корелација меѓу инцидентите и односот на Северна Македонија и Бугарија. За него тоа е прашање на воведување ред, идентификување на сторителите и изразување јавно жалење за случувањата. Рече дека комуницирале со бугарските власти и дека ставот им е сличен.

Прашан дали има обиди вината за настаните да се префрли на македонска страна и за провокациите од навивачите на бугарскиот клуб Левски, Османи рече дека во соопштението на македонското МНР се зборува и за провокациите на идентитетска основа, но и за повредените навивачи.

„Тоа е посебен свет, кај навивачите, и доколку ние дозволи така лесно да се направи корелација и прелевање, мислам дека само се нанесува штета на односите. Не верувам дека навивачите реагирале како што реагирале поради некакви предрасуди поради етничката припадност на гостите од Бугарија, а не верувам и дека навивачите од Бугарија го направиле тоа заради стереотипи. Тоа е начин на кој функционираат навивачите. Државата треба да ги преземе сите мерки да го спречи тоа и да ги идентификува и казни тие што пристапиле кон насилство“,

рече Османи.

Османи посочи дека пред натпреварот двете земји комуницирале на ниво на влади и го оквалификувале настанот како натпревар од висок ризик, а полицијата ги презела сите мерки за да не дојде до насилство.

Прашан за реакциите на бугарските политичари дека со ова С Македонија се оддалечува од Европа, рече дека тоа е жално зашто настанот се става во политички контекст, а некои политичари во Бугарија добиваат политички поени.

„Сите што ќе се обидат да извлечат политички анализи од тензии помеѓу навивачи, тоа го прават злонамерно и не мислат добро на осносите меѓу двете држави“,

додаде тој.

Шефот на македонската дипломатија коментираше и песна со, како што рече, тешка содржина и говор на омраза што се емитувала во бугарски медиуми. Рече дека за ова реагирал во веќе воспоставен канал, кој произлегол од потпишаниот Протокол, во кој се пријавува говор на омраза, и така случајот го пријавиле во бугарското Министерство за надворешни работи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

EKSKLUZIVE/Adelina Tahiri bashkë me djalin JON-in dhe bashkëshortin Serjozhën po shijojnë pushimin (FOTO)

Следно

Петмина ранети во американскиот град Сиетл

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop