Османи: До последен здив ќе се бориме за уставните измени, но ако не успееме со име и презиме ќе ги кажеме оние што ја загрозуваат европската иднина

November 15, 2023
2 mins read

На новинарско прашање дали на еден месец пред одржување на декемврискиот Самит на лидерите на ЕУ, шансите да преминеме во втората фаза од преговорите ни се пропуштени, Османи посочи дека овој геополитичкиот момент е неповторлив за сериозна брза патека за членство во 2030 година и не е сигурен дали истиот ќе биде сочуван и следната година

Усвојувањето на уставните измени е единствена домашна задача која нѐ дели од забрзаната евроинтеграција, која сѐ повеќе станува императив за самата Европска Унија во дадениот геополитички момент. Ова денеска го посочи министерот за надворешни работи по прес-конференцијата со неговата колешка од Романија, Луминица Одобеску.

На новинарско прашање дали на еден месец пред одржување на декемврискиот Самит на лидерите на ЕУ, шансите да преминеме во втората фаза од преговорите ни се пропуштени, Османи посочи дека овој геополитичкиот момент е неповторлив за сериозна брза патека за членство во 2030 година и не е сигурен дали истиот ќе биде сочуван и следната година.

Фото: Принтскрин

„Откако завршува скринингот, доаѓаат скрининг-извештаите. Врз основа на нив, подготвуваме патокази, кои се обврска за отворање на поглавјата. Има еден чекор кој е важен, кој се носи со консензус, а тоа е писмо од Европскиот совет до земјите кандидати кои се бенч маркови за отворања на поглавјата и кои се т.н. интерни бенч маркови. Писмото за Република Северна Македонија помина, со консензус од сите 27 земји членки. Врз основа на тоа писмо, ги подготвуваме патоказите до Европската комисија и потоа Европската комисија ги доставува до Европскиот совет“,

објасни тој.

Според него, без уставните измени нема да можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција на која ќе се презентира преговарачката рамка со цел понатаму да се отвораат поглавјата.

„И тука целосната одговорност, историска одговорност ќе ја носат одредени пратеници во Собранието и одредена политичка партија. Секој од нас треба да впери прст кон тие луѓе и кон таа политичка партија која ни ја загрозува европската иднина. Овој геополитичкиот момент е неповторлив за сериозна брза патека за членство во 2030 година и не сум сигурен дали истиот геополитички моментум ќе биде сочуван и следната година“,

заклучи Османи.

Но, рече и дека не може од сега да каже дека ја пропуштаме шансата.

„Сметам дека треба да работиме до последниот здив, до последниот камен пред нас за да ги направиме уставните измени и да фатиме исчекор со оваа шанса. Но, ако не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат европската иднина, што го кочат просперитет на оваа држава, што го кочат владеењето на правото и го кочат животниот стандард. Тие луѓе ќе треба да бидат кажани со име и презиме“,

посочи Османи.

Во насока на тоа дали ја пропуштаме шансата за декемврискиот Самит на ЕУ, Османи го посочи примерот со Бугарија.

„Во односот со Бугарија имаше две алтернативни патеки, или историско-идентитски дискурс или малцинско-човековите права. Трета опција немаше, трета опција беше прекин на комуникација, прекин на процесот на европска интеграција. Ние ја форсиравме втората патека, односно за малциснко-човекови права, зашто тоа е наш терен. Ја отфрливме историско-идентитетската траекторија. Затоа уставните измени како парадигма на малцинско-човечките права и тој акциски план кој е дел од патоказите се нашиот избор во дискурсот со Бугарија. Доколку не го прифативме овој дискурс, ќе требаше да разговараме за историски и идентитетски прашања“,

додаде тој.

Затоа смета дека секој што се противи на оваа траекторија сака да не врати на историско-идентетскиот дискурс.

„И тука ми е делумно и сомнежот, освен класичка политичка и партиска агенда, на најмонструозен начин да се злоупотребат емоциите на граѓаните. Не знам дали се свесни што прават. Со оневозможување на малциско-човековите права во дискурс со Република Бугарија ни го враќаат во агенда другиот дискурс. Освен доколку немаат намера за тоа. Не можам да кажам дека дека во оваа фаза ни е пропуштена шансата. Секој ден, секоја минута секоја секунда треба да се искористи за да се искористи овој неповторлив геополитички момент“,

заклучи Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот

Следно

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Latest from Blog

Барселона најде голман за наредната сезона

Ракометната секција на Барселона конечно го реши голманското прашање за наредната сезона Изборот на управата на каталонците падна на Барселона, одличниот исландски голман  Виктор Халгримсон кој доаѓа од редовите на Висла Плоцк.

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,
Go toTop