Орце Ѓорѓиевски најави инфраструктурен бран и нови паркови низ Скопје

November 12, 2025
1 min read

Во општина Бутел денес официјално започна изградбата на мега паркот, проект што го означува стартот на реализацијата на првите ветувања од програмата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Новиот зелен простор ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“. Ќе опфати богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони – содржини наменети за сите возрасти.

– Парковите се вистински зелени оази кои придонесуваат за поздрав живот и почиста животна средина. Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот – истакна Ѓорѓиевски.

Ова е еден од четирите мега паркови најавени во програмата на градоначалникот, а дополнително се предвидува изградба на околу 50 мали паркови во сите скопски општини, со цел секој дел од градот да добие свој зелен агол.

Во рамките на инфраструктурниот бран што следува во Бутел, ќе се изгради кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел поголема безбедност и ред во сообраќајот.

Ќе се реконструираат и улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со нов асфалт, улично осветлување, пешачки патеки и атмосферска канализација што ќе го реши проблемот со поплави.

Меѓу поголемите проекти кои следуваат се реконструкцијата на Стариот Качанички пат, развојот на Економската зона Визбегово и ревитализацијата на реката Серава со зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

„Скопје го правиме заедно. По скопски“, порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДАЛИ СТЕ ВО ВРСКА СО НАРЦИС? Ако забележите дека вашиот партнер се однесува вака, тоа значи дека е време да раскинете!

Следно

Гумен чамец со мигранти потона кај Либија – загинаа 42 лица

Latest from Blog

Македонски активисти со новогодишни пакетчиња, израдуваа дел од Македончињата во Општина Пустец

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да

Тоневски: Ќе продолжиме да вложуваме во младите и нивните идеи

По повод тригодишнината од формирањето и успешното работење на Младински Центар Пробиштип, Тони Тоневски присуствуваше на одбележувањето на јубилејот, истакнувајќи ја важната улога што центарот ја има во локалната заедница. Тоневски нагласи

Трамп: САД нема да брзаат со признавањето на Сомалиленд, прашањето треба детално да се проучи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“. „Сè е
Go toTop