Орце Ѓорѓиевски најави дигитална револуција и нови можности за младите во Скопје

October 15, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска истакна дека иднината на главниот град е нераскинливо поврзана со младите и нивниот потенцијал. На средба посветена токму на младите генерации, тој ги претстави клучните проекти од својата програма што, како што рече, им ја отвораат вратата кон посовремена и поправедна иднина.

Ѓорѓиевски го најави воведувањето на „SKOPJE CITY GO“, единствена картичка што ќе ги обедини сите градски услуги – јавен превоз, паркинг, културни и спортски билети, со попусти и бесплатни услуги за ученици, пензионери, невработени и лица со попреченост.

Преку проектот „AI Скопје“, најави дигитализација на градот, зголемена безбедност, ефикасност и одржливост, а младите ќе бидат вклучени преку хакатони, урбани лаборатории и иновативни решенија.

„Мојата цел е да изградиме град што им нуди шанса, простор и поддршка на младите да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина тука, во Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Како дел од мерките, тој најави ослободување од комуналии за младите брачни двојки до 40 години без друг имот, мерка што веќе се покажа успешна во Кисела Вода.

Ѓорѓиевски најави и задолжително младинско вработување, со обврска секоја средна и голема компанија да вработува најмалку еден млад човек до 25 години на секои 20 постојни вработени – модел инспириран од германското и холандското искуство.

Преку Младинскиот Центар за Кариера ќе се обезбедува менторство, обуки и поврзување со работодавачи, а проектот „Учи занает, гради иднина“ ќе обезбеди стипендии, субвенции и современа опрема за младите занаетчии.

Меѓу најавените иницијативи се и „Disco Zone“ – зони за летни дискотеки и клубови надвор од центарот, дигитални станбени хабови, зелени зони и проектот „Паметно семејство“, насочени кон создавање современи услови за младите брачни парови и повратниците од странство.

„Кога градот е дигитален, младите можат да учат, создаваат и живеат овде. Кога тие остануваат, градот расте, станува поотворен, поиновативен и похуман“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека Скопје мора да биде град што создава можности и работи со транспарентност.

Тој ги повика граѓаните во недела масовно да излезат и да гласаат за број 9, „за иднината на младите и иднината на Скопје“, нагласувајќи дека – најдоброто допрва доаѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА ПАНЧО: Утре ќе биде неговото испраќање во вечното почивалиште

Следно

МЕПСО и Француската агенција за развој со грант од 600.000 евра за модернизација на електроенергетската мрежа

Latest from Blog

Ивановски: Мора да има промени во ЈО, непроцесуираните кривични пријави значат дека ние залудно работиме

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека не сака да ја генерализира соработката со Јавното обвинителство бидејќи некогаш наидуваат на добра, додека пак

Албанската опозиција поднесе барање за разрешување на претседателот Бајрам Бегај, СП ги негира обвинувањата

Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат

Рекорден број патници на преминот Џепиште – Требиште во првите девет месеци

Граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо забележа значително зголемување на протокот на патници во првите девет месеци од годинава. Според податоците на Секторот за внатрешни работи-Охрид, преку преминот минале

Јунајтед посилен за дербито против Ливерпул, Мазрауи се враќа во тимот

Универзалецот на Манчестер Јунајтед, Нусаир Мазрауи, ќе биде подготвен за неделното дерби против тимот на Ливерпул. Тој беше во „аут“ од 20 септември, но сепак, се одзва на репрезентативната покана и замина

Димитриеска Кочоска во Вашингтон: Партнерство со САД за посилни јавни финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон оствари продуктивна средба со претставници на Трезорот на САД. Таа истакна дека техничката поддршка
Go toTop