Орбан му честиташе на Вучиќ: Србија нема да запре

December 18, 2023
1 min read

Покрај Орбан, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во неделата вечерта им ја честиташе победата на изборите на Вучиќ и на лидерот на СНС, Милош Вучевиќ, откако српскиот претседател прогласи убедлива победа на листите на СНС на сите нивоа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во објава на социјалните мрежи му честиташе на Александар Вучиќ за, како што вели, убедливата победа на изборите.

Виктор Орбан и Александар Вучиќ / Фото: Архива

„Србија нема да запре! Честитки до претседателот Александар Вучиќ  и членовите на неговата листа на нивната убедлива изборна победа!“,

напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Вучиќ синоќа прогласи убедлива победа на листите на Српската напредна партија (СНС) на изборите на сите нивоа.

Покрај Орбан, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во неделата вечерта им ја честиташе победата на изборите на српскиот претседател Александар Вучиќ и на лидерот на СНС, Милош Вучевиќ.

„Им честитам на сите граѓани кои гласаа за напредок и просперитет и во овие предизвикувачки меѓународни околности ја избраа политичката стабилност на Србија“,

објави Додик на социјалните мрежи.

Според првичните изборни резултати и обработени над 50 отсто од гласовите, матичната партија на Вучиќ, СНС, која настапуваше под слоганот „Србија не смее да запре“, освои 47,1 отсто од гласовите. Веднаш зад неа е коалицијата „Србија против насилството“ со освоени 23,1 отсто.

Опозиционерите од „Србија против насилството“ обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани. Побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание и најавија протест за денеска во 18 часот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанец украл куче од двор во Драчево

Следно

Претставник на Хамас отфрли нови преговори за заложниците и заробениците без израелско повлекување од Газа

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop