Орбан: Доколку ЕУ не го прифати мојот предлог, ќе ја блокирам помошта за Украина

January 16, 2024
1 min read

Помошта за Украина во борбата против руската инвазија не смее да му наштети на буџетот на Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија се противи на ревизијата на буџетот на ЕУ за да се издвојат 50 милијарди евра за Киев и други задачи како што е миграцијата.

Европските лидери ќе одржат самит на 1 февруари на кој ќе разговараат за ова.

„Ако сакаме да и помогнеме на Украина, што мислам дека треба да го направиме, мора да го направиме тоа без да му наштетиме на буџетот на ЕУ“, рече Орбан на прес-конференција.

„Но, давањето 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ четири години однапред е кршење на суверенитетот и националните интереси на ЕУ. Ние дури и не знаеме што ќе се случи за три месеци“, рече тој.

Орбан ова го изјави по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој исто како и тој верува дека нема да има воено решение за војната во Украина, која започна пред две години.

Орбан рече дека финансиската програма за Украина треба да се одвои од буџетот на ЕУ.

Тој објасни дека унгарскиот предлог за воспоставување ваков механизам се заснова на распределба на помошта врз основа на бруто националниот доход.

„Ако Брисел го прифати, тогаш ќе има помош за Украина, надвор од буџетот“, рече тој. „Ако не, тогаш ќе ми биде жал што морам да го стопирам тој процес“./makfax

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година

Следно

Владата ја одржа 221-та седница

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop