Орбан: „Азербејџан е стратешки важен за енергетската независност на ЕУ“

October 6, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес изјави дека Азербејџан е „стратешки важен“ за одржување на енергетската независност на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во шпанскиот град Гранада, Орбан истакна: „Азербејџан е клучна земја, без Азербејџан не можеме да имаме енергетска независност.“

Тој рече дека без снабдувањето со гас од Азербејџан, ЕУ нема да може да ја намали својата зависност од руските фосилни горива.

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, за новинарите изјави дека тој ги поканил лидерите на Ерменија и Азербејџан да одржат разговори во Брисел кон крајот на октомври и дека двајцата ја прифатиле поканата.

Мишел вети дека ќе работи напорно за да се постигне напредок во полето на нормализација на односите меѓу Азербејџан и Ерменија.

Тој истакна дека ЕУ нема скриена агенда во посредувањето меѓу двете земји.

ЕУ сака да работи за „просперитетен и стабилен“ Јужен Кавказ и ќе ги искористи сите дипломатски алатки „да ги охрабри двајцата лидери да постигнат договор“ за нормализација на односите.

„Договорот мора да се заснова на заемно признавање на меѓусебниот територијален интегритет и суверенитет“, додаде Мишел.

Во рамките на самитот на Европската политичка заедница, паневропска платформа со учество на над 40 лидери, Мишел во средата одржа состанок со лидерите од Ерменија, Германија и Франција за најновите случувања во Јужен Кавказ.

Азербејџан исто така беше поканет, но претседателот Илхам Алиев одлучи да не присуствува на состанокот во знак на протест поради неодамнешните активности на француската Влада.

Хикмат Хаџиев, советник за надворешна политика на азербејџанскиот претседател, рече дека Баку предложил учество на Туркије и Шпанија на состанокот за планирање, но тој предлог бил отфрлен од Франција.

Хаџиев истакна дека Азербејџан сѐ уште е отворен за разговори во Брисел, во формат на ЕУ, Азербејџан и Ерменија, потпомогнати од Мишел.

„Истовремено, Азербејџан поддржува директен и билатерален дијалог и преговори за процесот на нормализација на односите меѓу Азербејџан и Ерменија и разговори за мировниот договор“, напиша тој на социјалните мрежи.

Азербејџан ја врати целосната контрола над својата територија Карабах минатиот месец, откако презеде антитерористички акции, што резултираше со предавање на нелегалните вооружени групи, ставајќи крај на повеќедеценискиот конфликт.

Властите постојано велеа дека ќе ги заштитат правата и ќе ја осигураат безбедноста на ерменските жители во Карабах, во согласност со законот на Азербејџан.

Мишел, кој претседава со состаноците на лидерите на ЕУ и го претставува Блокот во меѓународните прашања, направи значителни дипломатски напори за помирување меѓу Ерменија и Азербејџан по нивниот конфликт во 2020 година.

Односите меѓу двете поранешни советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската војска окупира територии на Азербејџан кои се меѓународно признаени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки

Следно

Кривична пријава против жител на Брест за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop