Општинскиот штаб за заштита и спасување Прилеп: Спречете пожар пред да биде предоцна

July 15, 2026
2 mins read

Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети им СООПШТУВА на граѓаните да се придржуваат кон следните превентивни мерки за заштита од пожарии тоа:

1.Со прогласувањето на кризна состојба за појава на пожари на отворен простор од страна на владата на Република Северна Македонија ЗАБРАНЕТО е движење и престој во шума на лица без претходно прибавена дозвола од страна на надлежен орган –Национални Шуми ПШС Црн Бор Прилеп.

2.Забрането е палење на стрништа ,плевели и други растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште,пасишта и на земјоделски површини односно палењето на отворен оган низ полето во шумата,шумските комплески и нивна непосредна близина.

3.Против сторителите на овие прекршоци од страна на надлежните органи ќе бидат превземени соодветни санкции согласно законот за прекршоци и другите позитивни материјални закони кој ја регулираат проблематиката од оваа област,односно изрекување парична казна – глоба за правни и физички лица.

4.Целокупната земјоделска механизација и транспортни средства кој што учествуваат во жетвата на посевите (комбањи,балирачки,трактори и товарни моторни возила)
да бидат во потполна технички исправна состојба,а особено комбањите да бидат опремени со следната противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари и тоа:противпожарен апарат со сув прашак од 6 или 9 килограми,пумпа за вода-брентача,две туби со вода од по 25 литри,казма лопата и вреќа со песок.

5.Поправката на комбањите и останатата механизација која што учествува во жетвата да се врши на зелени и изорани површини,а не на парцелите со житни култури.

6.Не е дозволено пушење цигари на комбањот или на останатата механизација и транспортни средства на парцели со житни култури со слама и стрништа.

7.По извршувањето на жетвените работи поради постоењето на законската забрана НАЈСТРОГО е забрането палењето на стрништа.

8.Сопствениците на викенд куќи кој се наоѓаат на отворен простор – низ полето да превземат превентивни мерки,односно околу истите да направат заштитни појаси и да го отстранат вегетацискиот горлив материјал.

9.Да се внимава при употребата на кибрит,запалка,пушењето и фрлањето на неизгасните отпушоци и догорчиња.

10.Да се внимава на детската игра со кибрит,запалка и други предмети кои предизвикуваат отворен пламен.

11.Со сезоната на годишни одмори и напуштањето на домовите од страна на граѓаните на подолг временски период граѓаните да вршат исклучување на сите електрични апарати и уреди од електричната инсталација со исклучок на фрижидерите.

12.Предупредете ги оние кои имаат намера да запалат или запалиле оган, на опасностите од пожар затоа што во 99% случаеви причината за настанување на пожарите е човековото невнимание и негрижа.

13.Согласно член 29 од законот за пожарникарство секој граѓанин кој што ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожар или ќе забележи пожар,должен е да ја отстрани опасноста,да го изгасне пожарот ако тоа може да го стори без опасност за себе и друго лице. Доколу граѓанинот не може сам да ја отстрани опасноста односно да го изгасне пожарот должен е веднаш да ја извести најблиската Противпожарна единица,Полициска станица или Центарот за управување со кризи на телефонските броеви:
-Противпожарна единица —————-193
-Полициска станица———————192
-Центар за управување со кризи———195
и да побара помош од граѓаните во непосредна околина.

Огнот е добар слуга,но лош господар. Затоа НАШЕТО внимание и НАШАТА противпожарна култура низ полето,во шумите,излетничките места,нашите домови и работните места ќе придонесе да се заштитиме од пожари.

Општински штаб за заштита и спасување.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетово избира нови имиња за 60 улици

Следно

„Кремљ станува исклучително опасен“

Latest from Blog

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека
Go toTop