Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

January 9, 2025
1 min read

Заменик министерот и Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и Фатмир Сабриу, денеска присуствуваа на презентацијата на третиот јавен повик за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка. Социјалните услуги кои ќе бидат финансирани преку повикот се услугите во домот и услугите во заедницата.

Овој повик претставува можност за значително зголемување на бројот на општини во кои се развиваат социјални услуги од 41 општина до сега, на најмалку уште 20 нови општини.

„Редовно сум на терен и ги гледам резултатите од нашите активности преку директни разговори со граѓаните, поради што силно Ве охрабрувам да се пријавите во поголем број, особено кога од утре ќе биде активен повикот за изразување интерес, “ порача Велковски обраќајќи се на присутните претставници на општините.

Тој се осврна на заложбите на министерството за градење на инклузивно и праведно општество. Како и отворањето на нови можности за продолжување за создавање на значајни промени за граѓаните, со акцент на  најранливите.

Велковски ги истакна клучните работи кои се во фокусот на работењето на министерството. Како такви ги посочи: интеграција на системот за социјална заштита  – преку воведување на ново софтверско решение со кое за прв пат ќе се има увид во правата и услугите кои ги користат сите членови на едно домаќинство, плаќања преку картички за социјална помош – наменски и исклучиво за задоволување на основните потреби, како и поголема поддршка за вработените во центрите за социјална заштита.

Државниот секретар, Сабриу зборуваше за двојната придобивка што ја носи реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

„Прво, се обезбедува пристап до услуги кои го подобруваат квалитетот на животот за најранливите, а истовремено се создаваат нови работни места во локалните заедници. Овој процес има директен и долгорочен ефект на економскиот развој, создавајќи вработување и обезбедување квалитетна поддршка за оние кои најмногу имаат потреба,“ истакна Сабриу.

Денешната презентација овозможи детален преглед на условите за аплицирање, како и информации за поддршката која ќе им биде на располагање на општините и давателите на социјални услуги. Министерството ќе обезбеди поддршка за подготовка на сите потребни документи и предлог-проекти.

Проектите финансирани преку овој повик ќе бидат реализирани во периодот од 2025 до 2026 година, со цел значително подобрување на социјалните услуги и пристапот до нив за ранливите групи.

Ова е продолжување на успешните активности кои Министерството во рамките на социјалната реформа, која има за цел намалување на сиромаштијата и зајакнување на човечкиот капитал во земјата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО „ЕВОЛУЦИЈА НА РАСПАДОТ“ НА 14 ЈАНУАРИ ПОЧНУВА НЕДЕЛАТА НА НЕЗАВИСНА СЦЕНА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Следно

САД најавија нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

Latest from Blog

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно
Go toTop