Општина Центар лидер во иновативни проекти: Фотоволтаици на сите училишта и градинки

November 1, 2024
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го презентираше отчетот за сработеното во изминатите три години. Тој вели дека Општина Центар ги носи иновациите од кои бенефит ќе имаат многу следни генерации.

„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет“, изјави Герасимовски презентирајќи го отчетот.

Тој појасни дека неговата цел е поставување на фотоволтаични централи на сите институции под ингеренции на општината.

„Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес. Општина Центар е првата општина која отвори енергетска канцеларија, каде што сите заинтересирани правни и физички лица можат да добијат информации за процесот на поставување фотоволтаици на кровните конструкции на институциите или на сопствените домови. Често потенцираме дека сме пример кој вреди да се следи“, изјави Герасимовски.

Герасимовски на презентацијата на отчетот зборуваше и за капиталните проекти како доградбата на училиштето „Коле Неделковски“, паметното осветлување, изградбата на градинката Пролет, хортикултурното и партерно уредување, инфраструктурните проекти реконструирањето на Ленинова и др.

Меѓу многуте инвестиции, Герасимовски ја издвои изградба на најголемата градинка во оптината, „Пролет“ со капацитет за 150 деца, но говореше и за доградби и реконструкции на основни училишта, улици и спортски игралишта.

Градоначалникот на општина Центар, најави дека следната година ќе почне со изградба на нова административна зграда за Општината. Герасимовски размислува на локалните избори што треба да се одржат наредната година, да се вклучи во градоначалничкатка трка и за втор мандат за општината. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Следно

50-годишен маж почина по пукањето во Арачиново – 19-годишно момче се бори за живот!

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна
Go toTop