Општина Тетово објави повик за предлози за преименување на улиците

February 11, 2025
1 min read

Општина Тетово на нивната веб-страница и на социјалните мрежи го објави повикот за прибирање предлози за преименување на улици кои веќе имаат определено име и именување на новите улици. Јавниот повик ќе трае еден месец, од денеска до 10 март 2025 година.

– Се известуваат и се повикуваат сите граѓани, правни лица, претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти што ги претставуваат различните групи на граѓани на подрачјето на Општина Тетово, заради обезбедување инклузивност и вклучување на јавноста, да учествуваат со достава на предлози за преименување на улици во Општина Тетово, кои веќе имаат определено име и именување на новите улици, се вели во повикот.

Граѓаните своите предлози може да ги поднесат преку три начини. Едниот е пополнување на прашалникот по електронски пат, односно користење на линк до прашалник поставен на веб-страницата на Општина Тетово. Прашалникот може да се спушти во ПДФ формат и да се пополни па да се достави или преку пошта или лично во архивата на општината.

Неодамна градоначалникот на Тетово Касами изјави:

„Ние не може да бидеме заложници на едно време. Знаеме дека Македонија до ’90 години беше под Југославија и беше комунистички систем каде имаше други херои кои ги славевме. Сега сме во демократска држава. Сега имаме нов концепт со кој ги создаваме институциите и ја градиме државата. Тоа е европски и демократски концепт и тоа сигурно ќе се рефлектира и во имињата на улиците во градот Тетово. Тоа не е против никоја етничка група во градот. Тоа е во интерес на сите етнички групи, но мора да ја рефлектира реалноста, сегашноста и тоа што ние сакаме да го градиме во иднина“,

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попов: Гласот на младите во државата е Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

ОЈО изврши увид во скопски Чаир – обезбедени снимки, подигнати траги и чаури за вештачење

Latest from Blog

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува
Go toTop