Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот.
На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат лицата на спектарот на аутизмот и нивните семејства. На средбата се отворени клучни прашања и се идентификувани најитните потреби кои бараат веднаш дејствување од институциите.
Општината се обврза на директни инвестиции за создавање на пријатна, инклузивна и поддржувачка средина каде секое лице ќе има можности за развој и активно учество во општеството.
Исто така, ќе се развиваат инклузивни политики кои обезбедуваат достоинствен третман и еднакви можности за секое дете и возрасно лице на спектарот на аутизмот
Извор: zurnal.mk


