Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

March 19, 2026
1 min read

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина.

Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри. Во рамки на зафатот се решава и одведувањето на атмосферските води, преку поставување собирни одводни решетки кои ќе овозможат ефикасно одведување на водата од уредената површина.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 2,3 милиони денари, а изведувач на работите е јавното претпријатие „Нискоградба“.

 

 

Од Општина Битола информираат дека активностите за уредување на јавниот простор ќе продолжат и на други локации каде претходно беа отстранети гаражи. Планирано е да се изградат нови паркинг простори кај „Овчи Пазар“, „Ат Пазар“, на локацијата позната како „Хеликоптерот“, кај „Кифлата“, како и на просторот кај поранешниот финансов објект во близина на „Дрвен Пазар“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Следно

Unifikimi i VLEN-it drejt realitetit politik

Latest from Blog

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да
Go toTop